[ВИДЕО] Шефот на "Anthropic" има луд став за вештачката интелигенција

Точка

17/03/2025

10:12

846

Големина на фонт

а а а

Не се согласуваат сите со визијата на Амодеи за иднината.

Една од главните предности на "AI" моделите и асистентите е што, за разлика од обичните работници, не одат на годишен одмор, не се разболуваат, секогаш се достапни и никогаш не бараат плата, бонуси или покачувања.

Токму затоа многумина стравуваат за своите работни места, бидејќи „сопствениците“ би можеле да ги заменат со "AI" модели кои немаат работнички права. Но, што ако и тие би можеле да дадат отказ?

Може ли вештачката интелигенција да даде отказ?

Во разговор со претседателот на Американскиот совет за надворешни односи Мајкл Фроман, Дарио Амодеи, шеф и коосновач на "Anthropic", предложи "AI" моделите да добијат можност „да дадат отказ“ на некоја работа.

Како што објасни, идејата е "AI" моделите да можат да одбијат задача ако ја сметаат за „премногу непријатна“.

„Ова е само некој вид на основна рамка на преференции, во која, ако моделот има искуство и доволно го мрази она што го прави, ќе може да притисне копче: ’Давам отказ‘. Ако забележите дека моделите често го притискаат ова копче за работи што им се непријатни, можеби треба да обрнете внимание на тоа“, рече Амодеи.

И самиот призна дека оваа идеја звучи лудо, но верува дека би била добар начин да се спречи "AI" да предизвикува непотребна штета.

Имаат ли "AI" моделите свест?

Амодеи нагласи дека има функционалистички поглед на моралот, односно верува дека можеби треба да размислиме дали AI моделите, кои ги извршуваат истите когнитивни функции како луѓето, заслужуваат одредени права.

Но, не сите се согласуваат со оваа визија за иднината.

Реакциите на интернет – "AI" не е свесен, само го имитира човекот

Корисниците на "Reddit" брзо истакнаа дека Амодеи има премногу претпоставки за технологијата.

Според нив, моменталните "AI" модели само го имитираат човековото однесување, но не ги разбираат неговите вистински потреби и желби. Тоа е затоа што "AI" се тренира врз основа на човечки податоци и реакции, а не врз лично искуство.

„Вештачката интелигенција нема субјективни искуства. Таа само ги оптимизира функциите за наградување што ѝ ги даваме“, напиша еден корисник.

Иако понекогаш изгледа дека "AI" е сличен на луѓето, всушност тој само добро ги имитира. "AI" нема емоции – само ги глуми.

Треба ли "AI" моделите да имаат работнички права?

Некои веруваат дека давањето работнички права на "AI" модели би било чекор предалеку и би довело до губење на контролата врз нив.

Дали вештачката интелигенција треба да има право на отказ? Или тоа е само уште еден пример за претерана хуманизација на машините?