[ФОТО] Кејт Мос забележана на Модната недела во Париз: „Очигледно не ѝ е добро“

Точка

12/03/2025

20:01

541

Големина на фонт

а а а

Кејт Мос ги загрижи обожавателите откако видеото снимено на модната недела во Париз стана вирално на социјалните мрежи. Педесет и едно годишниот поранешен супермодел беше во првите редови на ревијата на Изабел Марант за есен 2025 година.

На видеото може да се забележи како во еден момент, таа се врти и прегрнува жена што седи зад неа, а потоа може да се слушне како вели „само дозволете ми да го сторам ова“, додека се врти со лицето напред за да ја фотографираат.


Watch on TikTok

До Кејт седел британскиот моден фотограф 58 годишниот Дејвид Симс, со кој Кејт соработува од 1990-тите.

Фановите на социјалните мрежи напишаа дека се загрижени за неа поради нејзиниот „потресен“ изглед.

„Чувствувам вознемиреност само што ја гледам“, „Се чувствувам тажно секогаш кога ќе ја видам ваква“ и „Зошто го објавија ова? На Кејт очигледно не ѝ е добро. Сè уште е убава, но …“ се дел од коментарите.


Watch on TikTok

„Зошто е толку нервозна, ова навистина ме прави анксиозен“, коментирал извесен тиктокер, додека некои застанале во одбрана на познатата манекенка, велејќи дека таа брзо се движела и местела за да им овозможи подобар кадар на фотографите. „Искрено, секој пат кога и да ја видам како позира за фотографите, таа секогаш се „вклопува“ во кадарот. Да, малку се движи чудно, но тоа е нормално за неа“, напишал некој.

Кејт деновиве ја следела модната недела во Париз заедно со нејзината ќерка, 22-годишната манекенка Лила, која прошетала повеќе модни писти, вклучително и шоуто „Coperni“ есен/зима 2025 година.