[ВИДЕО] Вупи Голдберг го исмева Трамп затоа што купил „Тесла“: „Добротворна приредба за најбогатиот човек на светот“

Точка

12/03/2025

20:31

1.023

Големина на фонт

а а а

Во вчерашната епизода на емисијата „The View“, Вупи Голдберг премиерно ја претставила новата песна инспирирана од неочекуваниот потег на Трамп за поддршка на Илон Маск.

На самиот почеток на шоуто, првиот „Hot Topic“ била одлуката на Трамп да продава „Tesla“ на тревникот во Белата куќа, со што јавно ја покажал поддршката за Маск, чија компанија се соочува со пад на продажбата и вредноста на акциите. Голдберг најавила видео од Трамп во кое ја покажува Теслата, фалејќи се дека ја платил п целосна цена, а дури и Питер Дуси од „Fox News“ го поставил прашањето како Американците кои се борат со финансиски проблеми го доживуваат овој потег.

„Добротворна приредба за најбогатиот човек на светот“

Голдберг резимирала на следниот начин: „Додека растат економските стравови и Американците се грижат за својата финансиска иднина, вчера пред Белата куќа се одржа хуманитарен настан за најбогатиот човек на светот“.

Актерката ситуацијата ја споредила со ретро рекламите на „Cal Worthington Cars“ кои ги гледала додека живеела во Калифорнија, а потоа, заедно со другите водители, го претставила сопствениот џингл инспириран од продажните перформанси на Трамп и Маск. Со помош на нејзините колешки, Вупи пеела:

„Ако сакате да купите Тесла, побарајте го Илон

Можете да го купите додека седите на тревникот во Белата куќа

Економијата може да падне, но на Илон му треба кеш

Ако сакате да купите Тесла, јавете се на Илон!“

„Избришани повеќе од 700 милијарди долари вредност на Тесла“

Откако завршија со песната, Голдберг ја отворила дискусијата прашувајќи: „Зошто тој мисли дека гласачите би сакале да го гледаат како се бори за Илон во момент кога самиот ја уништува економијата?“. Сани Хостин веднаш се надоврзала со изјава дека го знае одговорот на тоа прашање: „Откако Илон Маск стана претседател во сенка на оваа земја, вредноста на акциите на Тесла падна за речиси 48%.“

„Повеќе од 700 милијарди долари од пазарната вредност на Тесла се избришани. Но, по оваа реклама која штотуку ја видовме, акциите на Тесла почнаа да растат утрово … Значи, ова беше реклама за да му помогне на Илон Маск. Маск, пак, планира да инвестира 100 милиони долари директно во политичките операции на Трамп“, додала таа.

Сара Хејнс ги бранела оние што ја бојкотираат Тесла: „Луѓето можат да гласаат на избори, но можат да гласаат и со својот паричник. Во моментов се чувствуваат поделени и немоќни. Додека го набљудуваат падот на берзата, многу луѓе добиваат отказ, а сега не е време за пензионирање. Тие се чувствуваат беспомошни, а ова е начин да ги насочат своите пари, поради што падна цената на акциите на Тесла“.