[ФОТО] Ќерката на милијардерот и холивудската дива ја освојува јавноста – Која е Валентина Палома Пино?

Точка

12/03/2025

15:03

1.003

Големина на фонт

а а а

Валентина Палома Пино, 17-годишната ќерка на Салма Хајек, станува се поинтересна и попозната на јавноста и медиумите.

Таа привлекла големо внимание минатата недела на еден настан за време на модната недела во Париз, а оттогаш светските медиуми не престанаа да зборуваат за неа.


Нејзината мајка е вистинска холивудска ѕвезда која ја започнала својата кариера во 90-тите години во филмовите како Десперадо со Антонио Бандерас. Денес таа е глобално позната, а нејзиниот егзотичен изглед и харизма ѝ овозможија соработка со најголемите имиња во филмската индустрија – Џорџ Клуни, Метју Пери и Анџелина Џоли.


Меѓутоа сопругот на Салма и татко на Валентина, Франсоа-Анри Пино, е француски милијардер и еден од најмоќните луѓе во светот на модата. Тој ја предводи групацијата Керинг, која под своја закрила ги држи модните гиганти како Гучи, Баленсијага, Сен Лоран и многу други.

Таа беше забележана во светот на модата

Иако пораснала под светлата на рефлекторите, Валентина Палома покажува дека има свои соништа и амбиции кои ги надминуваат презимето и богатството на нејзиното семејство. Иако има само 17 години, таа веќе го привлекува вниманието на модниот свет, медиумите и филмската индустрија.


Салма Хајек во неколку наврати во интервјуата потенцирала колку ѝ е важно Валентина да остане приземна, и покрај привилегиите што ги има. Тие често оделе на летување во Мексико, посетувајќи го родниот град на Салма, Коатзакоалкос, а Салма ја научила својата ќерка за важноста на семејството, традицијата и помагањето на другите.

Течно зборува четири јазици

Валентина од мали нозе течно зборува четири јазици – шпански, англиски, француски и италијански. Иако за нејзиното образование нема многу достапни информации, познато е дека посетува една од престижните меѓународни школи во Париз, а во слободното време ужива во сликање, пишување и фотографирање.


Валентина дури во последните неколку години почна да се појавува во јавноста, а модниот свет веднаш ја забележа. Таа се појави со нејзината мајка Салма на насловната страница на „Vogue Mexico“ во 2022 година, што беше нејзиното вистинско деби во светот на модата. Критичарите го пофалија нејзиниот природен шарм, едноставност и елеганција.


Минатата година, таа беше забележана на неколку големи модни настани – меѓу кои и на „Balenciaga Couture Show“ и на „Gucci Love Parade“ – придружувана од нејзините родители, но и сама, каде што го покажува своето растечко присуство во модните кругови.

Сака да ги следи стапките на нејзината мајка

Валентина не сака да застане само на модата. Во интервју за „Vogue Mexico“ во 2023 година, таа признала дека сериозно размислува за актерска кариера, исто како и нејзината мајка. Сепак, таа рекла дека нејзиниот вистински сон е да стане режисерка. „Мислам дека треба да бидете пред камера за да разберете што значи да се биде зад камерата. Така подобро ќе знаете како да ги водите другите актери и да раскажувате приказни“, изјави Валентина.


Таа напомена и дека би сакала да се занимава со хуманитарна работа, со посебен акцент на заштитата на животната средина и правата на жените. Со тоа таа јасно ги наследила вредностите што и ги всадила мајка ѝ – Салма е позната по нејзината хуманитарна работа и борба за правата на жените и децата.

Нејзиниот Инстаграм профил не е достапен за јавноста

Иако нејзините родители се меѓу најпознатите луѓе во светот, Валентина води прилично повлечен живот. Нејзиниот профил на Инстаграм е приватен и ретко споделува детали за нејзиниот секојдневен живот. Меѓутоа има отворен профил на ТикТок каде објавила неколку видеа со нејзините пријателки.

Watch on TikTok


Салма во интервјуата изјавила дека Валентина ги избегнува социјалните мрежи иако сака да се изразува преку уметност и фотографија.


Хајек често нагласува колку Валентина ја инспирира и мотивира. Во бројните објави на Инстаграм и интервјуата таа зборувала за тоа колку нејзината ќерка ѝ дава сила и енергија. „Валентина ме тера да се смеам, танцувам, пеам, готвам. Секој ден е возбудлив со неа!“ рекла Салма.