[ФОТО] „Најубавата жена во светот“ ја задржале на аеродром – Не ја препознале на фотографијата во пасошот

Точка

12/03/2025

20:18

1.646

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Јанаина Празерес беше прогласена за „совршена жена“ од норвешкиот Плејбој поради пропорциите на нејзиното телото, а сега се најде во центарот на вниманието поради инцидентот што ѝ се случил на граница.

Инаку 35-годишната манекенка и инфлуенсерка досега потрошила над 900.000 евра на својот изглед и имала повеќе од 20 пластични операции, а се пожалила дека ја запреле на аеродромот во Сао Паоло и побарале да го потврди идентитетот. Имено, тие не верувале дека тоа навистина е таа на фотографијата во пасошот.


„Отсекогаш знаев дека ова може да се случи бидејќи мојот изглед многу се промени во последниве години. Но во тој момент тоа беше шок за мене. Не очекуваш да те запрат ако не си направил ништо лошо“, рекла таа.


Ќе го обнови пасошот


„Службениците ми поставија неколку прашања, па дури и ја споредија мојата фотографија од пасошот со други фотографии пред да ми дозволат да влезам во земјата“, објаснила Јанаина и додаде дека одлучила да го обнови пасошот за да не ѝ се повтори непријатното искуство.


Дали би ја препознале на фотографијата во пасошот?