Многумина обожаватели дури неодамна го дознале вистинско име на познатиот актер – Шокирани сме

Точка

12/03/2025

17:56

1.415

Големина на фонт

а а а

Иако се чини дека името на Вин Дизел е создадено само за филмската индустрија, дали знаевте дека тоа всушност воопшто не е неговото вистинско име?

Имено актерот го открил своето вистинско име уште во 2005 година, додека гостувал во емисијата „The Ellen Show“, една година пред филмот „The Fast and the Furious: Tokyo Drift“ да се појави во кината. Елен веднаш ја иницирала темата, коментирајќи дека Вин Дизел едноставно не може да биде неговото вистинско име.


Својот „прекар“ актерот го добил додека работел како исфрлувач.

„Знаете што? „Не“, рече Дизел низ смеа. Тогаш открил дека неговото вистинско име нема никаква врска со името по кое денес го познава целиот свет. „Моето вистинско име е Марк Винсент“, рекол тој, објаснувајќи дека го смислил прекарот „Вин Дизел“ додека работел како исфрлувач. Тој и неговите колеги тогаш користеле „лажни имиња“ во случај некогаш да западнат во неволја.

„Само што почнаа да ме викаат Вин Дизел, поради некоја луда причина“, се присетил низ смеа тогаш, а Елен коментирала дека „Вин“ веројатно потекнува од неговото вистинско презиме Винсент, но не ѝ била јасно од каде потекнува „Дизел“.

„Во Њујорк, кога си малку набилдан, велат: „Тоа е Дизел“, ѝ објаснил актерот.

Иако оваа приказна ја раскажал пред речиси 20 години, многумина негови обожаватели неодамна го дознале неговото вистинското име. На Редит, еден корисник напишал: „Смешно е, дури и со име како Вин Дизел никогаш не ни помислив дека тоа можеби не е неговото вистинско име“, а многумина се согласија со него.