Лејди Гага неодамна гостувала во радиоемисијата „The Howard Stern Show“. Таму открила дека нема еден, туку два веренички прстени. И не само тоа, туку нејзиното момче Мајкл Полански прво ја запросило со прстен од тревка.
Тревката е заштитена со смола за да може да се носи како прстен. Вториот е нешто потрадиционален дијамантски прстен, наводно вреден два милиони долари.
„И двата ми се подеднакво драги“
„И двата ми се подеднакво драги. Но, оној од тревата, не можеш да замениш нешто со такво значење“, рекла Гага, која често ги носи двата прстени во исто време.
Пејачката и претходно зборувала за прстенот од трева, потсетувајќи се на разговорот со Полански пред тој да ја запроси на 1 април минатата година. „Тој ми рече: ’Ако некогаш те запросам, како да го направам тоа?‘ И јас му реков: ’Само земи тревка од градината и замотај го околу мојот прст‘. Тоа и го направи“, опишала таа.
Врската ја започнаа пред пандемијата
Да потсетиме, Лејди Гага и Полански ја започнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирус. Врската, но и свршувачката ја чуваа во целосна тајна до филмскиот фестивал во Венеција. Таму прошетаа по црвениот тепих држејќи се за рака, а Лејди Гага го покажа дијамантскиот веренички прстен.
На крајот на минатата година, пејачката во ток-шоуто на Џими Кимел изјавила дека таа и Мајкл имаат некои идеи за венчавката: „Всушност зборуваме да одиме кај матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, познавајќи ме мене, може да стане и како циркус со еднорози“.