Леони Касел го помина денот на плажа во Бразил, каде беше фотографирана во црно бикини додека се релаксираше со нејзиниот татко, Винсент Касел, и неговата нова девојка, Нара Баптиста.
Винсент Касел сега е татко на четири деца од три различни жени, но секогаш се труди да биде присутен во животот на сите нив. Доказ за тоа е и Леони Касел, 15-годишната ќерка од неговиот брак со Моника Белучи, која ретко се појавува во јавноста, но овојпат беше уловена од папараците.
Иако нејзината постара сестра, Дева Касел, веќе чекори по стапките на својата мајка во модната индустрија, Леони сè уште не размислува за кариера и живее далеку од рефлекторите. Според нејзините родители, таа е многу поинтровертна и поскромна во споредба со сестра ѝ, поради што одлучиле да ја заштитат од јавната сцена.
Леони е совршена комбинација од нејзините славни родители, а јавноста е поделена околу тоа на кого повеќе наликува – дали на неодоливата убавина на Моника Белучи или на впечатливиот шарм на Винсент Касел.
По разводот на Белучи и Касел, кога Леони имаше само три години, таа и сестра ѝ Дева продолжија да живеат со мајка им. Сепак, нивниот татко остана активен дел од нивниот живот, а за време на карантинот поради пандемијата, тие подеднакво поминуваа време и со него.
Додека Дева веќе блеска во светот на модата, иднината на Леони останува неизвесна. Некои веруваат дека би можела да стане актерка како нејзините родители, други пак сметаат дека ќе зачекори во модниот свет. Сепак, за сега, нејзините родители најмногу се фокусираат на нејзиното образование и личен развој, подалеку од медиумската врева.