Џулија Фокс синоќа привлече големо внимание со нејзината модна комбинација на годишната забава на „Vanity Fair“, по доделувањето на Оскарите.
Имено Фокс се прошета на црвениот килим во целосно проѕирен фустан во боја на кожа. Целокупниот впечаток дополнително го нагласија праменчињата кафеава коса обликувани во бранови, кои делумно ги прекрија нејзините интимни делови од телото.
„Vanity Fair“ објави видео од Џулија, кое предизвика лавина реакции од корисниците на социјалните мрежи. „Добра идеја, лоша изведба“, „Crindge“, „Овој фустан ме потсетува на одвод за туш“, „Светот дефинитивно се претвора во циркус“, беа само дел од коментарите.
Таа беше во врска со Канје Вест
Потсетуваме, Фокс накратко беше во врска со раперот Канје Вест. Во интервју за Тајмс, таа рече дека се кае поради тоа. „Го мразам тоа. Беа само неколку недели, но тоа беше доволно да ме обележи до крајот на мојот живот. Бев во веројатно најнепријатната положба во мојот живот и тоа кажува многу. Не сакам да бидам позната по тоа што сум нечија девојка“, додаде таа.
Фокс и Вест ја започнаа својата врска на Нова година 2021 година, а таа траеше до Денот на вљубените во 2022 година. Нивната романса дојде откако Вест се раздели од поранешната сопруга Ким Кардашијан во 2021 година.
„Не беше моја идеја тоа да излезе во јавност. Ако ништо друго, реков „треба да почекаме“, а потоа бум, излезе во јавност зад мојот грб. Многу брзо сфатив дека бев искористена како пион“, рекла Џулија.
Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници