[ВИДЕО] Конан О’Брајан ја шокираше публиката со шегата на сметка на Трамп и Путин на доделувањето на наградите Оскар

Точка

03/03/2025

09:00

3.323

Големина на фонт

а а а

Конан О’Брајан накратко навлезе во политичките води на доделување на Оскарите со шега за филмот „Анора“, насочена кон претседателот Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс и рускиот претседател Владимир Путин.

Имено кога преостанале само уште неколку награди за доделување, водителот на 97-то доделување на Оскарите го искористил моментот да ги сумира дотогашните победници на вечерта. Тој го издвоил филмот „Анора“, кој во тој момент веќе добил награди за најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио.

„Анора има одлична ноќ. Да, тоа е одлична вест. Веќе две награди“, истакнал О’Брајан. „Претпоставувам дека Американците се возбудени што конечно ќе видат некој што му се спротивставил на моќниот Русин“, се пошегува тој. Погледнете го видеото.

Поделени реакции

Шегата предизвика гласни реакции кај публиката во театарот Долби во Холивуд – од вчудовидени воздишки до аплаузи. Коментарот, се разбира, беше референца не само за филмот „Анора“, кој ја следи истоимената сексуална работничка (која ја толкуваше добитничката на Оскар за најдобра актерка, Мајки Медисон) додека се бори со студениот, доминантен руски свекор, туку и за односот на претседателот Трамп кон тековната војна меѓу Русија и Украина.


Го исмеа Дрејк

Покрај тоа, О’Брајан исто така го исмеа канадскиот рапер Дрејк и се осврна на неговото ривалство со раперот Кендрик Ламар. „Па, ние сме на половина од шоуто, што значи дека е време Кендрик Ламар да излезе и да го нарече Дрејк педофил“, рече тој. Погледнете го видеото.

Кавга во Овалната соба

Во петокот, Трамп и Венс одржаа тензична средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што посетата на Зеленски на Белата куќа нагло беше прекината. Клучот на конфликтот беше тврдењето на Зеленски дека мирот меѓу Украина и Русија не може да постои без безбедносни гаранции од Америка – дека Русија ќе ја запре инвазијата и ќе се воздржи од понатамошно проширување во другите источноевропски земји и региони.


Од друга страна, Венс и Трамп го обвинија Зеленски дека не покажал доволно благодарност ниту почит кон Соединетите држави за помошта што ја доби Украина.