Џин Сиберг била американска актерка, по која воздивнувал целиот свет. Славата ја стекнала со улогата во култниот филм „Breathless“ (1960) на Жан-Лук Годар, а во актерската кариера одиграла повеќе од 30 улоги.
Речиси половина од животот го поминала во Франција, бидејќи во САД била прогонувана од разузнавачките служби. Џин сесрдно поддржувала и финансирала бројни организации за човекови права, кои сè уште биле во повој во шеесеттите години на минатиот век. Меѓу нив биле и таканаречените „Црни пантери“, организација која се борела за правата на афро-американската заедница.
Федералното истражно биро (ФБИ), на чело со Џеј Едгар Хувер, во тоа време спроведувало акција со назив „COINTELPRO“, чија единствена цел била следење, снимање и дискредитирање на членовите на ваквите организации, но и на оние кои ги поддржувале, како што била и Џин. Покрај „Црни пантери“, во радарот на ФБИ биле вклучени и бројни феминистички и левичарски движења.
Актерката поминувала низ невидена тортура. Агентите на ФБИ отворено ја следеле, ѝ вршеле притисок, го прислушувале нејзиниот телефон, упаѓале во нејзината куќа и добиле зелено светло од нивниот директор, како и од тогашниот јавен обвинител на САД, да ја „неутрализираат“ со тие методи.
Во документите, што подоцна ФБИ ги направил јавно достапни, било јасно наведено дека агентите барале и нашле „креативни“ методи за да ѝ го направат животот практично неподнослив. Холивуд престана да ѝ нуди улоги, иако некогаш беше прогласена за „откритие на годината“. Но, нападите врз нејзиниот приватен живот преку медиумите и таблоидите биле она што ја уништило.
На почетокот на 1970 година, среде потера, Џин забременила со својот втор сопруг, Ромен Гери. Од ФБИ одлучиле да им дадат до знаење на медиумите дека вистинскиот татко на нејзиното бебе е еден од водачите на „Црните пантери“, со кој, наводно, го изневерувала својот сопруг. Кампањата за уништување на угледот на актерката се вжештил кога тие озборувања биле објавени во сите таблоиди, а претрпениот стрес поради медиумската хајка предизвикал предвремено породување на актерката.
Прерано роденото девојче живеело само два дена, а потоа починало. Уништена од болка, актерката побарала на погребот да се отвори ковчегот, за сите да видат дека кожата на бебето е бела.
По оваа трагедија, актерката живеела во неколку различни земји, но нејзиното семејство подоцна изјавило дека ФБИ сè уште ја следи. Нејзиниот сопруг изјавил дека таа била психички уништена по смртта на бебето и дека неколку пати се обидела да се самоубие.
Сепак, тие успеале да добијат дете – нивниот син Александар Диего Гари бил роден во Барселона во 1962 година. Поради прогонот кој го доживувала Џин, веста за раѓањето на детето се криела цела година.
Иако сè уште била во брак со Ромен, во 1970 година Џин започнала романса со студентот Карлос Наваро. Забременила и ја родила ќерката Нина, но и тоа бебе починало два дена по раѓањето, наводно поради компликации предизвикани од пиење апчиња за спиење за време на бременоста. Дотогаш, Џин веќе имала самоубиствени мисли и проблем со злоупотреба на лекови.
Џин се развела од Ромен, се омажила за режисерот Денис Бери и останала во брак со него сѐ до неговата смрт, иако во меѓувреме престанале да живеат заедно. Потоа, таа стапила во вонбрачна заедница со Ахмед Хасни.
Сиберг исчезнала од нивниот стан во Париз во август 1979 година. Хасни ѝ раскажал на полицијата дека отишле во кино, дошле дома и си легнале. Кога се разбудил следниот ден – Џин ја немало. Потрагата по актерката траела осум дена, а на деветтиот ден била пронајдена мртва во паркирано „рено“ во близина на станот. Таа била завиткана во ќебе на задното седиште, а до неа биле пронајдени шише со вода и лекови. Џин оставила и проштална белешка за својот син, пишувајќи само: „Прости ми, не можам повеќе да живеам со своите нерви“.
Смртта на актерката била прогласена за самоубиство, но цела година подоцна, француската полиција одлучила да го разгледа случајот и да поднесе обвинение против „непознати лица кои не помогнале на лице во опасност“.
Шест дена откако било пронајдено нејзиното тело, од ФБИ признале дека ја следеле и дека ја малтретирале.