Селена Гомез блесна на 97-то доделување на Оскарите во театарот Долби во Лос Анџелес во тесните креации кои ги истакнаа нејзините облини.
Таа на црвениот килим се појави во фустан на Ралф Лорен украсен со повеќе од 16.000 кристали, кој рачно го сошила екипа од 12 луѓе.
Ѕвездата на филмот „Емилија Перез“ го надополни изгледот со накит на Булгари, вклучувајќи го ѓерданот со дијамант и повеќе од 37 карати помали парчиња скапоцени камења.
Ова нејзино модно издание го осмисли стилистката Моли Дикинсон, која открила дека била инспирирана од фустаните кои ги носела Софија Лорен.
Гомез се одлучи за благо виткана фризура и елегантна шминка со „мачкести“ очи и розов сјај. Инаку на настанот присуствуваше и нејзиниот свршеник, музичарот Бени Бланко.
Додека на „Vanity Fair“ забавата која се одржа по доделувањето на Оскарите, Селена носеше црна креација.