Актерката Деми Мур, ѕвездата на хорор филмот „The Substance“, беше една од фаворитките за освојување на Оскар за најдобра женска улога, но победата сепак отиде во рацете на 25-годишната Мајки Медисон за нејзината улога во филмот „Анора“.
На социјалните мрежи се прошири снимката од студената реакција на 62-годишната актерка кога била прогласена победничката во таа категорија.
Се огласи и читатачка од усни
Читачката од усни Никола Хиклинг за „Daily Mail“ откри што рекла актерката во тој момент. „Деми изговорила „убаво“, но не се насмевнала додека го кажувала тоа. Нејзиното тело речиси присилно се наведнало како да морала да го изговори тоа“, рече Хиклинг.
Иако многумина беа воодушевени од победата на Мајки, обожавателите на Деми Мур го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи и се пожалија дека на актерката ѝ била причинета неправда.
Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници
Обожавателите огорчени
Имено, Деми претходно ги освои сите големи награди за улогата во филмот „The Substance“ освен наградата БАФТА, поради што многумина предвидуваа дека таа ќе го освои и Оскарот и тоа за прв пат, а нејзините обожаватели го опишаа нејзиниот пораз како „најголемо игнорирање во историјата на Оскарите“.
„Моето срце е скршено исто колку што и на Деми Мур кога не го слушна нејзиното име. Ова беше нејзината година. Хоророт секогаш добива нефер третман“, гласи еден коментар.
Инаку, во својот говор Медисон им се заблагодари и на другите актерки номинирани во таа категорија, вклучувајќи ја и Деми Мур.
„Сакам да ја истакнам внимателната, интелигентната, прекрасната и воодушевувачка работа на сите мои номинирани колешки. Почестена сум што бев во ваше друштво. Ова е остварување на сонот, веројатно утре ќе се разбудам мислејќи дека сонувам“, рече Медисон.