[ФОТО/ВИДЕО] Познатата актерка криела од целиот свет со што се бори: На Оскарите јавно открила сè, не можела да го прочита победникот

Точка

03/03/2025

16:54

1.486

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Голди Хоун, заедно со нејзиниот помлад колега Ендру Гарфилд, ја додели статуетката за најдобар анимиран филм на годинашното 97. издание на филмските награди Оскар.

Она што ја изненади публиката беше нејзиното признание дека се соочува со влошена здравствена состојба откако не можеше да го прочита текстот на телепромптерот.


„Имав толку среќа да снимам филмови и да ги насмеам луѓето. Можеби некои од нив не успеав да ги насмеам, но тоа е во ред. Во меѓувреме…“, рече таа и застана. Потоа се сврте кон Гарфилд и му рече: „Добро. Драг, дали можеш да го прочиташ ова? Јас не можам. Јас сум целосно слепа. Мислам, навистина сум“.

Голди потоа откри дека има катаракта, болест која настанува како резултат на заматувањето на леќата на окото, при што тоа доведува до намалување на видната острина. Гарфилд отсечно ѝ одговори: „Во ред, не грижете се“.

Пред Хоун да открие дека има проблеми со видот, Гарфилд ја воодушеви со својот говор. Ја расплака откако откри колкаво влијание имала актерката врз неговата покојна мајка. Гарфилд ѝ се заблагодари на Голди што ѝ донела „најголема радост и утеха“ на неговата мајка Лин, која почина во 2019 година по битка со ракот.


„Можам ли да ви кажам нешто? Постои личност која на мајка ми ѝ даваше најмногу радост и утеха во текот на нејзиниот живот, а вечерва сум пресреќен што можам да ѝ се заблагодарам на таа личност од се срце“, започна тој, откривајќи дека таа личност е Голди.

Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници

„Ни подаривте филмови полни со радост, ни го подигнавте расположението и нè натеравте да се чувствуваме дека се е во ред со светот“, додаде тој.

Голди беше видно трогната од неговото признание и не можеше да ги задржи солзите.

„Ти благодарам многу, ова навистина ме трогна“, рече таа, а потоа го започна својот говор во кој откри дека се бори со нарушување на видот.