[ВИДЕО] Чекала 22 години и дочекала! Хали Бери сочно го бакна оскаровецот, а потоа ѝ се извини на неговата девојка

Точка

03/03/2025

16:05

2.795

Големина на фонт

а а а

Хали Бери му пријде на својот колега Адриан Броди на црвениот тепих на Оскарите и страсно го бакна. Тие го повторија својот познат бакнеж од 2003 година, што се случи токму на овие престижни филмски награди.

Имено, актерот имал интервју со водителот Марио Лопез кога му пришла Хали Бери.

„Извини Џорџина, но морам да го направам ова“, ѝ рекла таа на неговата девојка Џорџина Чепмен, со која е во врска од 2020 година и го бакнала.

И двајцата се насмеаја и продолжија да се гушкаат. Актерката изјавила дека чекала 21 година за да го „фати“ на црвениот тепих и да го бакне. Таа подоцна изјави дека ова е прва церемонија на која го сретнала по 2003 година.

„Тоа беше ноќ и за него и за мене. Морав да му вратам вечерва. Го гледав на забави, но ова е првпат од таа вечер да го видам на црвениот тепих“, рекла таа.

За потсетување, таа му го врачи Оскарот за најдобар актер за филмот „Пијанистот“ на 23 март 2003 година во театарот Кодак. Броди ја бакна потоа. Таа тврди дека тоа не било планирано и дека тој целосно ја изненадил.

Броди беше награден за најдобар актер на синоќешното доделување на Оскарите за улогата во „Бруталист“. Наградата му ја врачи Килијан Марфи.


Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници