Личниот дневник на Деми Мур падна во погрешни раце и е болен за читање: Дали ќе го загрози нејзиниот Оскар?

Точка

28/02/2025

14:53

1.469

Големина на фонт

а а а

Дневникот на Деми Мур заврши во погрешни раце, откривајќи ги нејзините најинтимни тајни пред целиот свет.

Во пресрет на Оскарите, Деми Мур би сакала да го подготви говорот што ќе го одржи доколку ја освои наградата за најдобра актерка за филмот Супстанција. Наместо тоа, неочекувано се најде во центарот на контроверзна вест. Тајниот дневник на актерката бил пронајден во корпа за отпадоци.

Во него, Деми детално ги опишува тешките периоди од нејзиното детство и личниот живот. Долги години водела дневници во кои ги запишувала своите искуства – многу од нив сметала дека се срамни. Никој не знаел за оваа тајна сè додека овие записи не биле случајно откриени.


Како што пренесуваат странските медиуми, дневниците на Деми Мур со децении биле складирани во гаража што ја користела заедно со поранешниот сопруг Брус Вилис. Неговото семејство неодамна решило да се ослободи од непотребните предмети, испраќајќи многу работи на депонија – меѓу кои и тетратките со нејзините лични спомени. Дневникот бил скриен во плик со натпис „Лични мемоари на Деми“ и завршил во рацете на еден од вработените во магацинот.

Според изворите, актерката активно го водела дневникот во средината на 80-тите години, период кога се соочувала со неуспешни романси и сериозни проблеми со алкохолот.

Во својата автобиографија, Деми веќе зборувала за бракот со првиот сопруг, Фреди Мур. Во дневникот опишува како го изневерила ноќта пред свадбата:

"Ноќта пред венчавката, зедов шише шампањ и отидов во куќата на момчето со кое тогаш снимав филм. Ме разбуди во 10:30 наутро, а јас морав да бидам подготвена за еден час. Доцнев, имав мамурлак и страшно чувство на вина – така го поминав првиот ден од мојот брак. Следните три години не беа ништо подобри – пиев уште повеќе и почнав да се дрогирам. Имав многу афери, но сите беа само обид да се сокријам и да не бидам фатена. Се чувствував одвратно, не само поради дрогата, туку и поради луѓето. Никогаш не сфатив колку сум себична и неправедна кон себе.“


Во страниците од дневникот, Деми ја опишува својата зависност. Во запис од 23 јануари 1986 година, раскажува како изгубила свест откако во својата хотелска соба нарачала бокал од коктелот Камиказе (направен со вотка, ликер и сок од лимета).

Тетратката содржи и спомени од нејзиното тешко детство, нарушено од алкохолизмот на нејзините родители, нивните чести расправии и постојаните преселби – најчесто поради иселување. Еден запис открива како една вечер ја слушнала мајка си како хистерично плаче:

"Станав да видам што се случува. Мајка ми се обидуваше да проголта цело пакување апчиња. Татко ми се обиде да ја спречи, но две раце не беа доволни. Кога ме виде, ми рече: 'Јас ќе ја држам, а ти извади ги апчињата од нејзината уста’."


Во својот дневник, Деми раскажува како таа и нејзината мајка често оделе во барови, а луѓето мислеле дека се сестри: „Се прашувам зошто? Имав само четиринаесет и пол години, но изгледав како да имам дваесет и пет.“

Во својата автобиографија, актерката со брутална искреност ја опишува својата сложена врска со мајка ѝ – од љубов до омраза. Двете се помириле непосредно пред смртта на Вирџинија во 1998 година, кога имала 54 години.


Но, можеби најшокантното откритие во дневникот е тврдењето дека нејзината мајка ја „продала“ на постар, но богат човек.

"Секој ден по училиште ме носеше кај него. Тој сакаше да излегува со мене. Јас бев очајна. Избегнував да бидам со него, но еден ден ме зароби. Ја молев мајка ми да не ме остава, но таа постојано ми велеше дека тоа нема да трае долго. Се прашувам дали сфати низ што поминував? Мојата сопствена мајка ме продаде за 500 долари. Се чувствував толку евтино и понижено. Штом ги доби парите, си заминав.“

На 20 јануари 1986 година, Деми во својот дневник ги изложила своите планови за иднината – сакајќи да се омажи, да има деца и да стане почитувана актерка. Во записот додала:

"Сакам да бидам оскаровка."

Дали нејзината желба ќе се оствари, останува да видиме на 3 март, кога ќе се доделуваат Оскарите.