Ендру Тејт (38) и неговиот брат Тристан беа уапсени во Романија пред три години, каде што им се судеше под обвинение за силување, трговија со малолетници и перење пари, што тие го негираа.
Ендру и Тристан Тејт ја напуштија Романија утрово кратко по 5 часот по локално време, изјавија за Би-Би-Си сигурни извори во Букурешт. Се верува дека тие заминале со приватен авион од аеродромот Банеаса, кој летал за САД.
Контроверзните браќа биле под забрана за патување
Ендру Тејт (38) и неговиот брат Тристан беа уапсени во Романија пред три години, каде што им се судеше под обвинение за силување, трговија со малолетници и перење пари, што тие го негираа.
Браќата ги бара и полицијата во Велика Британија поради обвинувања за силување и трговија со луѓе, кои тие ги негираат. Нивната екстрадиција во Велика Британија требало да биде решена откако ќе заврши процесот против нив во Романија.
И двајцата имаат двојно британско-американско државјанство и им било забрането да ја напуштат Романија, но се чини дека оваа забрана сега е укината.
Романскиот премиер претходно негирал дека американската влада вршела притисок врз него да им дозволи на браќата, кои имаат двојно британско-американско државјанство, да патуваат.
Браќата Тејт имаат широка поддршка на социјалните мрежи и каналите на десничарските организации и го поддржуваа Трамп за време на предизборната кампања во САД.
Зошто им се суди во Романија?
Ендру Тејт бил приведен заедно со неговиот брат Тристан во декември 2022 година во предградие на романскиот главен град Букурешт, како дел од истрагата за наводите за трговија со луѓе и силување. Браќата биле обвинети заедно со двајца романски осомничени во јуни 2023 година.
„Иако оваа вест е несомнено предвидлива, ние ја прифаќаме можноста што ни е укажана да ја демонстрираме својата невиност и да го оправдаме нашиот углед“, изјавил менаџерскиот тим на браќата Тејт како одговор на обвинувањата.
Во декември 2023 година, на браќата Тејт им било наредено да не ја напуштаат Романија откако побарале да ја посетат својата мајка во болница во Велика Британија. На почетокот на јули 2024 година, романскиот суд одлучил дека тие можат да ја напуштат земјата, но мора да останат во Европската унија.
Обвинителите се спротивставиле на оваа одлука, а неполни две недели подоцна била поништена од Апелациониот суд во Букурешт.
Како Ендру Тејт го заработил своето богатство?
Тејт се опишал себеси како „мултимилионер кој сè сам заработил“ и рекол дека своите пари ги заработил преку „мал бизнис со веб-камери од неговиот стан“.
„Имав 75 жени кои работеа за мене на четири локации и заработував 600.000 долари месечно преку веб-камера“, рекол тој во интервју за поткаст. На сега избришаната веб-страница, тој изјавил дека ги внесува жените во „индустријата за забава за возрасни“. „Мојата работа беше да запознаам девојка, да одам на неколку состаноци, да спијам со неа, да тестирам дали е „квалитетна“, да ја натерам да се заљуби во мене и таа би направила сè што ќе кажам, а потоа ќе ја снимам за да станеме богати заедно“, напишал тој на страницата, која подоцна била отстранета во февруари 2022 година.
Тејт работел заедно со неговиот брат Тристан, кој за „Daily Mirror“ изјавил дека нивниот бизнис е „голема измама“ каде што мажите плаќаат за да разговараат со жените на социјалните мрежи.
„Видов мажи како продаваат автомобили, телевизори … Почина бабата на еден тип и чекаа да се продаде куќата. Кога куќата беше продадена, тој зел 20.000 фунти и ги дал на девојката за да го плати нејзиниот лажен финансиски проблем“, рекол Тристан.