Минатогодишниот акционен хит со Џејсон Стејтам ќе добие продолжение

Точка

28/02/2025

11:53

1.004

Големина на фонт

а а а

По огромниот глобален успех на филмот „The Beekeeper“ од 2024 година, кој заработи 162,6 милиони долари со буџет од 40 милиони долари, студиото „Мирамакс“ го потврди продолжението на овој акционен хит, пренесе „Deadline“.

Џејсон Стејтам повторно ќе ја толкува главната улога, а режисерската палка ќе ја преземе Тимо Тјахјанто, познат по филмовите „The Shadow Strays“,“ The Night Comes for Us“ и „The Big Four“. Сценариото е напишано од Курт Вимер, а снимањето ќе започне оваа есен.




Првиот филм, во режија на Дејвид Ајер, го следеше поранешниот оперативец Адам Клеј, кој ќе тргне во одмазда откако неговата љубезна станодавка извршила самоубиство, бидејќи станала жртва на фишинг измама и загубила милиони долари потребни за водење на добротворна организација. Откако Адам ќе открие дека моќна и корумпирана мрежа стоела зад измамата одлучува да ја исправи неправдата.




Во филмот играат и Еми Равер-Лемпман, Џош Хачерсон, Боби Надери, Филисија Рашад, Џема Редгрејв и Џереми Ајронс.

Студиото и екипата на филмот работат на тоа Ајер да ја преземе продуцентската улога во продолжението, иако тој моментално е зафатен со снимањето на филмот „The Heart of the Beast“, со Бред Пит во главната улога.

Продуцентите на „Beekeeper 2“ ги вклучуваат Џејсон Стејтам, преку неговата продукциска куќа „Punch Palace Productions“ и Крис Лонг од „Long Shot Productions“.