Фотографијата на која Доналд Трамп држи макета од најбрзиот патнички авион во светот стана вирална, но од сосема неочекувана причина.
Фотографијата на Трамп на социјалната мрежа Х ја објавил основачот и извршен директор на „Boom Technology“, Блејк Шол, кој посочил дека претседателскиот авион наскоро ќе биде заменет со оној што тој го дизајнирал.
Неколку коментари под објавата беа поврзани со нивните бизнис планови, но повеќето корисници на Х забележале, како што рекоа, „бизарен детаљ“ во заднина на Трамп.
Што имало во заднина на фотографијата на Трамп?
На ѕидот зад Трамп можеа да се забележат обесени фотографии од поранешни американски претседатели, антички мебел, знамиња и статуа на нечија глава, но доколку ја зумирате фотографијата зад увото на претседателот, можете да го забележите Илон Маск како ве гледа низ огледалото.
Еден корисник на социјалните мрежи ја зумирал фотографијата и го објавил тоа под оригиналната објава, а набргу потоа стотици други корисници реагирале на изненадувачкото појавување на извршниот директор на Тесла.
Некои отидоа дотаму што присуството на милијардерот во заднина го нарекоа „злокобно“.
„Ова е морничаво“, „Изгледа страшно“, „Убеден сум дека Илон спие во ист кревет како Трамп“, коментираа корисниците на Х, а имало и такви на кои ова им стана инспирација за шега: „Огледало, огледало, кажи нѝ кој е вистинскиот претседател?“, „Ѓаволот во неговото уво“, „Кога те прогонува некој кој е сè уште е жив“.