Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен споделија со јавноста неколку сцени од раскошната прослава на нејзиниот 40-ти роденден. Екстравагантно поставена маса, бели столчиња, импозантни лустери и зелени растенија биле декор на ексклузивната забава, а славеничката во текот на вечерта сменила дури пет фустани.
Ѝ порачал дека ја сака
„Секоја година стануваш сè пожива и поубава. Те сакам многу“, ѝ порачал Марк во клипот од видеото објавено на Инстаграм. Фотографиите кои ги објавил ги прикажуваат него и Присила како нежно се гледаат пред почетокот на прославата – тој во црн смокинг со сатенска кравата, а таа во лесна вечерна тоалета со праска боја.
Тој објавил и фотографија од славеничката во бел фустан од тул како дува свеќи на торта во форма на сребрен ладилник за шампањ на кој е изгравиран бројот 40. Џиновското шише шампањ било персонализирано и на него пишувало „Domain Priscilla“.
Истата фотографија на својот Инстаграм ја објавила и Присила, како и фотографии од прославата на кои е прикажана во слип фустан од црн сатен, како го гушка сопругот, слуша песна во изведба на бендот, потоа се смее додека гостите ѝ аплаудираат и на крајот танцува на сцената со бендот во црвен тесен кожен фустан.
„Наполнив четириесет години опкружена со семејство, пријатели, смеа и танцување. Многу сум среќна што сум толку сакана“, напишала Чан.
Во брак се 10 години
Присила и Марк се заедно повеќе од 20 години, а во брак повеќе од 10, а заедно имаат три ќерки кои, интересно, носат имиња инспирирани од античкиот Рим – Максима, Август и Аурелија. „Се запознавме на проштална забава што ми ја организираа моите пријатели на факултет кога мислеа дека ќе ме избркаат“, открил своевремено основачот на Фејсбук.
„Ја побарав да излеземе, но ѝ реков дека ќе треба да биде наскоро бидејќи можеби ќе ми останат уште само неколку дена во кампусот. Подоцна го отворив Фејсбук, се венчавме и сега имаме три прекрасни ќерки“, додал тој. Присила по професија е докторка, а парот заедно се занимава со филантропска работа.