Венус Вилијамс и Андреа Прети со секое ново појавување дополнително ги подгреваат гласините дека веќе се свршиле.
Имено прославената тенисерка Венус Вилијамс (44) присуствуваше на модната недела во Милано со нејзиниот партнер Андреа Прети (36).
Вилијамс секогаш воодушевува со нејзиниот изглед и се здобива со мноштво коментари, но овој пат нешто друго се најде во центарот на вниманието.
Двајцата цело време изгледале вљубено и среќно и уште еднаш ги поттикнале гласините за свршувачката. На почетокот од оваа година се појавија натписи околу нивната свршувачка, кога на раката на Вилијамс блеснал прстен, меѓутоа, острото око на обожавателите сега забележал дека се работи за поинаков модел.
Меѓутоа засега единствено познато нешто е дека Венус и Андреа не се разделуваат.
Сè во тајност
Тие двајца од самиот почеток сè држат во тајност, па така не е познато ниту колку долго се во врска, а првпат беа забележани заедно во јули 2024 година.
Пред него Венус беше во врска со манекенот Елио Пис, а по раскинувањето со него започнала романса со Николас Хамонд, меѓутоа од 2019 година немала љубовна врска.
„Лесно е да се заглавиш во самечкиот живот и тешко е да се извлечеш од него. Тоа е начинот на кој работам и функционирам и совршено ми одговара. Кога животот се менува, мораш да знаеш кога е време да го прифатиш тоа и да се смениш“, изјави Венус во една прилика.