„Нека му помогне некој, не е добро“: Бизарното видео од проблематичниот пејач го обиколи светот и ја вознемири јавноста – и тоа со причина

Точка

26/02/2025

13:50

1.611

Големина на фонт

а а а

Новото видео на Џастин Бибер ги загрижи неговите фанови. Пејачот на Инстаграм објави видео од авионот. Бибер на видеото не носи кошула, држи ќеса со чипс и носи зимска капа. Во кадар е и неговиот пријател кој пуши цигара.

„Летам високо, одам високо како да сум тој лик“, рапува Бибер во новото видео.

Изгледот на Бибер ги загрижи фановите. „Мислам дека стана како Бритни“, „Тој се дрогира“, „Дали е тој новата Бритни Спирс?“, „Човеку, отрезни се“, „Ова дефинитивно не требаше да се објави јавно“, „Ако си вистински фан на Џастин, тогаш знаеш дека нешто не е во ред со него. Му треба помош“, се дел од коментарите под видеото.


Ова видео доаѓа неколку дена откако портпаролот на Бибер негираше дека пејачот користи дрога. Тој за ТМЗ изјави дека тврдењата се „апсолутно невистинити“ и дека пејачот всушност бил „во еден од најдобрите периоди од неговиот живот“.

Според портпаролот, фокусот на Бибер е на неговиот шестмесечен син Џек Блуз, но и на работата на нова музика и проекти. Минатата година беше предизвик за пејачот – тој стави крај на некои блиски пријателства и деловни врски кои повеќе не му одговараа. Но, со почетокот на новата година, тој одлучи да стави приоритет на бракот, татковството и правењето музика.

Поради сето ова, гласините за неговото физичко и психичко здравје дополнително го исцрпуваат. Неговиот портпарол нагласи дека овие текстови се „исцрпувачки и жалосни“ и ја одразуваат потребата на медиумите да овековечат „негативни, сензационалистички и штетни наративи, и покрај очигледната вистина.

Неодамна стана вирално видеото на кое пејачот се појавува на отворањето на продавницата на неговата сопруга Хејли Бибер со темни наочари , а за време на состанокот со директорката за убавина Сара Тан, тој направи чудни лица и се префрли од нога на нога, а во еден момент почна да си ги чеша нозете. По таа снимка почнаа да кружат гласини дека се дрогира.