[ФОТО] Познатата актерка позираше без шминка за 46. роденден: „Ова е друга личност“

Макфакс

26/02/2025

08:05

3.830

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Лав Хјуит наполни 46 години и во таа прилика позираше на Инстаграм без грам шминка и без филтери.

Актерката, која е најпозната по улогата во серијата „Ghost Whisperer“, прилично изненади со овој сосема природен изглед, а некои дури рекоа дека се шокирани.

„46 години. Без шминка и филтри. Ова беше тежок почеток на годината”, напишала Џенифер во објавата на својот профил во која открила уште некои детали од својот живот.


„Не се чувствувам многу добро. Но, чувствувам дека ова е нешто што се случува за да ми помогне повеќе да се пронајдам себеси. Во тоа чувство на загуба, најдов чуден мир и се препуштив, што обично не ми доаѓа лесно. Знам дека ги имам најдобрите деца и сопруг. Прегратките на моите браќа ме лекуваат. Ја чувствувам мајка ми покрај мене секој ден. Моите пријатели ме инспирираат секој ден да бидам подобра личност“, започна таа во својата објава.


„Имам сè што ми треба и не сакам ништо друго освен среќни моменти, продолжување на кариерата што ја сакам, време со пријателите, вкусна храна и чувство на промена во оваа година што се надевам дека повторно ќе ми донесе малку магија. Сум искусила и видов колку светот може да биде суров кон жените додека стареат, а сепак видов дека жените на кои им се восхитувам стануваат посреќни, посекси и помоќни со секоја година“.

„Испраќам љубов на сите и наздравувам за четириесет и шест”, рече актерката.

„Ова е преубаво и ова си ти“, „Си заборавила да старееш“, „Се уште изгледаш божествено“… некои ја пофалија, а други беа изненадени од нејзиниот изглед: „Изгледа поинаку, не ја препознав“, „Ова е сосема друга личност, шокиран сум“, „Што е ова, ова е целосно фотошопирано“.