Американскиот актер Вил Смит доби критики поради „неприфатливо“ однесување со пејачката Индија Мартинез, среде брачните проблеми со сопругата, актерката Џејда Пинкет. Според „Дејли мејл“, Смит флертувал со пејачката додека ја изведувале песната „First Love“ на доделувањето на наградите Премио ло нуестро во Мајами.
Изведувачите се гушнале, а дури изгледало како да споделуваат бакнеж. Оваа сцена ја изненади јавноста, па некои го прозваа Смит. „Неприфатливо, дури и ако е ‘забава‘“, „Како нечиј татко на караоке со пијана мештанка“, „Вил премногу се занесува“, коментираа некои.
Други, пак, не го осудија, повикувајќи се на аферата на неговата сопруга со пријателот Август Алсина во 2020 година. „Колку пати ‘сопругата‘ го посрами него“, „Браво за Вил! Заслужува да живее со полни гради, Џејда не беше фер кон него“, „Овој човек е актер и бакнувал многу жени кои не му се сопруги, тој е платен забавувач, тоа му е работата“, го бранеа обожавателите.
Иако веќе некое време кружат приказни дека парот не живее заедно, тие сè уште не се разведени. Како што претходно беше објавено, Смит и Пинкет сè уште се во брак бидејќи не можат да си дозволат развод. Извори блиски до парот тврдат дека нивната врска е повеќе деловна отколку емотивна, бидејќи заедничките компании им носат најголема финансиска добивка.
Но, ако им се верува на медиумите, актерот сè повеќе е заинтересиран за официјален развод.
„Тој знае дека мора да го направи тоа стратешки, бидејќи во прашање се 400 милиони долари. Но, повреден е и лут. Сака да се разведе и да ја прекине оваа фарса“, изјавил извор.
Она што, исто така, го оддалечува актерот од „Принцот од Бел Ер“,серијата што доминираше на малите екрани во доцните 90-ти, од овој потег е неговата ангажираност со работата. Актерот најави дека ќе го издаде својот прв албум по 20 години, „Based On A True Story“, со кој ќе оди на светска турнеја, а подготвува и нови филмски проекти, како продолжението на хитот „I Am Legend“.