Актерката почина на 40-годишна возраст: Ќе ја паметиме по улогите во „Buffy the Vampire Slayer“ и „Gossip Girl“

Точка

26/02/2025

21:42

1.413

Големина на фонт

а а а

Актерката Мишел Трахтенберг почина на 40-годишна возраст.

Мишел Трахтенберг на публиката ѝ беше најпозната по улогите во сериите „Buffy the Vampire Slayer“ и „Gossip Girl“.

Според ABC News, актерката била пронајдена мртва во средата, во нејзиниот стан во Њујорк. Ја пронашла нејзината мајка.


Трахтенберг неодамна имала трансплантација на црн дроб, а полицијата соопшти дека се верува оти починала природна смрт и дека нема сомнителни околности.

Мишел е родена на 11 октомври 1985 година во Њујорк, а во светот на актерството зачекорила на само девет години.


Публиката најмногу ја памети по улогите на Џорџина Спаркс во „Gossip Girl“ и Доун Самерс во „Buffy the Vampire Slayer“. Покрај тоа, глумеше во филмовите и сериите „EuroTrip“, „Ice Princess“, „17 Again“, „Law & Order“, „All My Children“, „CSI: NY“ и многу други.