[ФОТО] Ќерката на Кејт Мос во потполно проѕирна кошула на Модната недела во Лондон: Предизвика различни реакции

Точка

26/02/2025

11:01

1.896

Големина на фонт

а а а

Лила Мос, ќерката на Кејт Мос, го привлече вниманието за време на модната недела во Лондон благодарение на проѕирната кошула во која се појави.

Таа исто така носеше и кожени панталони со низок струк и потпетици, а изгледот го дополни со едноставна шминка.

„Премногу се труди да привлече внимание“, „Го почитувам нејзиниот моден избор, но сепак мислам дека не е соодветен за ваков тип на настани“, „Изгледа прекрасно како Кејт“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.



Инаку таа присуствуваше на модната недела во Лондон заедно со нејзината мајка, а меѓу другото, тие беа забележани и на гала-вечера организирана по повод прославата на новата колекција на Дона Каран.

Двете претходно снимија кампањи за неколку брендови, вклучувајќи го и „DKNY“, а се прошетаа и на модното шоу на Викторија Сикрет. Лила во едно претходно интервју изјави дека Кејт целосно ја поддржува нејзината одлука да се занимава со мода.