Мислеле дека има живот од бајките, но таа од болка не знаела што со себе: Внуката на Ернест Хемингвеј ја стигнало семејното проклетство, завршила трагично

Точка

26/02/2025

14:52

748

Големина на фонт

а а а

Марго Хемингвеј беше една од најубавите манекенки и актерки, но нејзиниот живот заврши трагично – на ист начин како и нејзините предци. Внуката на американски писател Ернест Хемингвеј беше жена со совршени црти на лицето и харизма што ги маѓепсуваше луѓето

Таа е родена на 16 февруари 1954 година во Портланд, а името го добила по виното Шато Марго, кое го пиеле нејзините родители, Џек (син на Ернест Хемингвеј) и Бајри. Таа е средното дете од трите ќерки и детството го поминала во Ајдахо.

Кога имала 19 години, таа отпатувала во Њујорк со својот татко, каде што била забележана од модни агенти и започнала кариера како манекенка. Во седумдесеттите години на минатиот век, таа станала првата манекенка што потпишала договор вреден еден милион долари, рекламирајќи ги парфемите „Babe“ на „Фаберже“ – што било револуција во модниот свет.


Сите врати ѝ биле отворени – танцувала во легендарниот „Студио 54“ со Мик Џегер и други славни личности, се појавувала на насловните страници на најпознатите модни списанија и ја започнала својата актерска кариера.

Но, додека светот бил восхитен од нејзината убавина, таа водела битка со булимија, алкохолизам, зависност од опијати и длабока депресија. Внатрешните демони ја прогонувале, а обидите за лекување не ѝ помогнале.

„Славата за мене беше како ураган. Одеднаш станав девојка од насловните страници. Сите ме знаеја. Звучи гламурозно, и навистина беше. Се забавував многу, но во исто време бев и многу наивна. Верував дека луѓето ме сакаат заради мојот хумор и добрите особини. Не очекував дека ќе сретнам толку многу професионални пијавици“, изјави таа во интервју за списанието „Пипл“ во 1988 година.


Таа двапати стапила во брак – во 1975 година за Ерол, но три години подоцна се развела. Во 1979 година повторно се омажила, овој пат за режисерот Бернард Фошиер, но бракот траел само една година.

Марго се борела со дислексија уште од детството, па затоа почнала да ги чита книгите на својот дедо дури пред крајот на животот. Таа имала само седум години кога Ернест Хемингвеј си го одзел животот, а истата година започнале нејзините епилептични напади, кои некои лекари ги поврзале со детската траума.


Целиот живот страдала од депресија и зависност. По бројни обиди за рехабилитација, ја стигнало семејното проклетство. Во 1996 година, на 42-годишна возраст, Марго починала од предозирање со седативи, поточно фенобарбитал. Нејзиното тело било пронајдено во нејзиниот стан во Санта Моника, но не веднаш – што дополнително ја прави трагедијата уште позастрашувачка. Марго била петтата личност од семејството Хемингвеј што си го одзела животот.