И во својата деветта година, ова е еден од најпродаваните модели во Европа.
"Volvo XC60" се покажа како добитна формула уште од неговото претставување во 2017 година. Досега се продадени над 1,5 милиони примероци, а моделот е еден од лидерите на европскиот пазар во својот сегмент, посебно кога станува збор за "plug-in" хибридите.
Ако сме искрени, "XC60" и денес изгледа одлично и претставува еден од најдобрите избори меѓу премиум семејните "SUV" возила. Сепак, втората генерација на моделот ќе добие уште еден редизајн, со фокус на корисни подобрувања.
Што е ново?
Последниот редизајн во 2021 година донесе нова маска, а сега "Volvo" повторно ја применува истата стратегија. Пример е "XC90", а повнимателните набљудувачи ќе забележат потемна пластика на светлата. Освежувањата вклучуваат и нови бои и алуминиумски фелни, додека во ентериерот има нови дизајни на ткаенини.
Промени има и во кабината – нови држачи за чаши, помоќен безжичен полнач и нов, поголем инфо-забавен екран.
Новиот екран сега има дијагонала од 11,2 инчи (наместо претходните 9 инчи), а нуди 21% подобра резолуција. Оперативниот систем е двојно побрз, има вграден "Google" услуги, а сите модели произведени од 2020 година па наваму ќе ги добијат овие новитети.
Без промени во погонската понуда
Моторната понуда останува иста:
- B5 благ хибрид со 2.0-литарски бензинец и 250 КС
- T6 plug-in хибрид со 355 КС,
- T8 plug-in хибрид со 455 КС.
Цените сè уште не се објавени, но се очекува благ пораст.