Двојниот кружен тек е необично, но, според сè, ефикасно сообраќајно решение.
Во Загреб првиот ваков кружен тек се појави кон крајот на 2023 година, во населбата Трешњевка, а наскоро на овој начин треба да биде решена уште една „проблематична“ локација.
Во населбата Сигет, на местото каде што моментално се наоѓа двојната крстосница на Радмановачка улица, Улица Сигет и Паркот на хрватската морнарица, ќе биде изграден нов двоен кружен тек.
Подобрување на протокот и намалување на незгодите
Од Град Загреб наведуваат дека ова решение треба да го зголеми протокот на сообраќај и да го намали бројот на незгоди, особено затоа што во близина се наоѓа училиште.
„Се состои од четири приоди и два пресека кои поврзуваат три сообраќајници, што бара специфично сообраќајно-техничко решение“, изјави за "Вечерњи лист" Крунослав Тепеш од Секторот за патишта при Градската канцеларија за обнова, градежништво, просторно уредување и комунални работи.
„Двата кружни текови ќе бидат градежно изведени во издолжена форма. Коридорот со максимална ширина изнесува 11,70 метри, со вкупна должина од 282,95 метри, а зоната за реконструкција опфаќа површина од околу 4.200 квадратни метри,“ додаде Тепеш.
Со новата регулација, се планира и ограничување на брзината на 30 км/ч.
Како вам ви изгледа двојниот кружен тек?