"Ford" мора да плати 2,5 милијарди долари: Брачна двојка загина, судот го прогласи производителот за виновен

Точка

21/02/2025

14:59

1.705

Големина на фонт

а а а

"Ford" ќе мора да плати 2,5 милијарди долари отштета, откако судот утврди дека производителот е виновен за сообраќајната несреќа во Џорџија (САД) во 2022 година, во која загинаа две лица.

Брачниот пар Херман и Дебра Милс загина кога нивниот "Ford F-250" се превртел откако излетал од патот и удрил во одводна цевка која била „скриена“ во тревата.

Возилото летнало околу 25 метри пред да удри со кровот во земјата.


Дебра починала на самото место, додека нејзиниот сопруг им подлегнал на повредите во болница девет дена подоцна. Адвокатите кои ги застапуваат нивните семејства тврдеа дека тие загинале затоа што кровот на возилото бил премногу слаб за да ги заштити. Тие исто така нагласија дека сите поголеми пикап-камионети на Ford, произведени помеѓу 1999 и 2016 година, имаат „дефектни и опасно слаби кровови“.

Одбраната на "Ford", пак, тврдеше дека возилото е безбедно и дека Дебра починала од срцев удар, што наводно ја предизвикало несреќата.


Сепак, "Ford" во 2022 година веќе исплати 170 милиони долари поради сличен случај, па нивните шанси за успех во ова судење беа минимални.

„Сочувствуваме со семејствата на настраданите, но веруваме дека оваа пресуда е екстремна и дека нема доволно докази за да биде донесена“, изјавија од "Ford", најавувајќи дека ќе ја обжалат одлуката на судот.