"Audi" од премиум преминува во луксузен бренд

Точка

17/02/2025

12:42

4.361

Големина на фонт

а а а

Германската автомобилска компанија сака да го промени не само својот имиџ, туку и пристапот на своите клиенти, откако долго време беше класифицирана како премиум бренд.

Раководството на "Audi" ќе ја следи истата стратегија како и "Mercedes" и нема да им биде потребно многу време за да ја спроведат новата насока. Целта е, наместо премиум, да станат луксузен бренд.

Промена на дизајнерската филозофија

По многу години, "Audi" конечно направи значајна промена во својата дизајнерска филозофија. Германскиот производител губи пазарен удел во Европа, кој директно се префрла кај неговите главни ривали – "BMW" и "Mercedes", па затоа ваквите промени беа очекувани.

"Audi" подолго време заостануваше во однос на првиот визуелен впечаток, но веќе го направи првиот чекор напред. Сепак, тоа е само почетокот, бидејќи брендот сака што побрзо да се ослободи од премиум етикетата.

Овој нов концепт, кој носи додадена вредност што другите повеќе ја немаат, совршено се вклопува во „новиот“ "Audi'.


Поголеми цени, поголема продажба

Менаџментот на "Audi" е свесен дека е време брендот да премине во нова фаза, приближувајќи се до своите најблиски конкуренти. Првиот чекор веќе е направен со пензионирањето на моделите "Audi A1" и "Q2".

Фокусот на ексклузивност и престиж ќе донесе една јасна последица – повисоки цени. Компанијата веќе предупреди на тоа за да избегне изненадувања. Се претпоставува дека следната генерација на "Audi A6" ќе биде значително поскапа.


Сепак, "Audi" не планира да се откаже од зголемување на продажбата, дури и ако цените растат. Германскиот бренд може да ја намали продажбата, но да задржи високи цени, што може да биде подеднакво успешен или ризичен потег.

Најверојатно, "Audi" ќе избере среден пат – ќе ги зголеми цените, но и ќе понуди уште поголем луксуз и ексклузивна опрема. Можеби ќе продаде помалку автомобили, но профитната маржа ќе биде значително повисока.