Манекенката Синди Крафорд и актерот Ричард Гир беа најпознатата двојка од 90-тите, но крајот на нивната љубов беше уште попознат и драматичен.
Денес Синди Крафорд слави 59 години. Кога имала само 22, го запознала тогаш 39-годишниот Ричард Гир на скара кај легендарниот фотограф Херб Риц. Тоа беше судбоносна средба за манекенката, а хемијата меѓу нив веднаш процветала.
Не им требаше многу време за да станат еден од најпопуларните парови во Холивуд. Магазинот People ги прогласи за најсекси двојка на светот, а набрзо почнаа да се шират гласини за нивната венчавка.
"Имав 22 години, а тој веќе беше близу 40. Во моите дваесетти години сè уште не знаев којa сум или што сакам, додека тој веќе имаше многу изграден живот," изјавила Синди во интервју со Опра Винфри во 2013 година.
Синди открила дека била девојка која пораснала со сонувања за голема свадба и живот во бајка, и секогаш го прашувала Ричард кога ќе се венчаат. Сепак, Ричард се спротивставувал на идејата.
"Бевме заедно неколку години и постојано го прашував кога ќе се венчаме," додала таа. Ричард на крајот се согласил. "Да се омажам за Синди е најдобрата одлука што сум ја донел," изјавил тој по венчавката.
Но, и покрај нивната голема љубов, брзо станало јасно дека нивните визии за иднината се различни. Синди секогаш сонувала за семејство и деца, додека Ричард не бил подготвен за такви обврски.
"Повеќе од сè сакам семејство," изјавила Синди. Кога Ричард го прашале дали планира да има деца со неа, тој одговорил: "Јас сè уште сум дете."
На почетокот на нивниот брак се појавија гласини дека нивната врска била само фарса, дури и дека двајцата биле геј. За да ги побијат гласините, тие платиле оглас во весникот во кој изјавиле дека се хетеросексуални и сериозни во нивната врска.
"Се венчавме затоа што се сакаме и сакаме да го поминеме животот заедно. Ние сме хетеросексуални, моногамни и сериозно ја сфаќаме нашата врска," изјавиле тие во заедничко интервју во мај 1994.
Сепак, само седум месеци подоцна, на 1 декември 1994 година, парот објави дека се разделува. Крајот на нивната приказна беше не само изненадувачки, туку и тажен.
Набргу по разводот, Синди беше забележана како ги преместува своите работи во станот на поранешното момче, Ранде Гербер. Со Ранде го остварила својот сон да има семејство. Тие се венчале на 29 мај 1998 година и се благословени со две деца ќерката Каја и синот Присли.
Во интервју неколку години подоцна, Синди открила дека причината за распадот на нејзиниот брак со Ричард биле разликите во годините, обврските и недостигот на вистинско пријателство во врската.
"Дел од нашите проблеми беше фактот што не бевме вистински пријатели. Бевме многу работи, но не и пријатели," заклучила таа.