Нина Бадриќ периодов ужива на островот Кох Самуи – Тајланд. Оваа дестинација е позната по своите бели песочни плажи, тиркизното море и богатиот тропски пејзаж. 52-годишната пејачка позираше на плажа во црн костим за капење.
Под фотографијаата на која изгледа беспрекорно, Нина сподели една мудра мисла, која ги замисли илјадниците следбенци.
„Животот не е краток, туку нас доцна ни текнува да живееме“, напиша таа.
Инаку, Кох Самуи е една од локациите за снимање на третата сезона на популарната серија на „Ејџ-би-о“, „Белиот лотос“, која почна да се емитува минатата недела. Оваа серија освои десет Еми награди за првата сезона и пет за втората сезона, вклучувајќи ги наградите за извонредната ансамбл и драмска актерка Џенифер Кулиџ.