[ФОТО/ВИДЕО] Сега е и официјално: Прекрасната Гала Виденовиќ се враќа во улогата на Наташа во продолжението на „Жикина династија“ – погледнете како изгледа денес

Точка

20/02/2025

22:11

5.626

Големина на фонт

а а а

Актерката Гала Виденовиќ важеше за најубава актерка во поранешна Југославија. Таа беше на врвот на кариерата, а се прослави со улогите во филмовите „Жикина династија“ и „Бал на вода“. По нејзиниот вртоглав успех, Гала замина во Холивуд каде што се посвети на мајчинството.

Српската актерка Гала Виденовиќ многумина ја паметат по улогата на Наташа во филмскиот серијал „Жикина династија“, а обожавателите беа воодушевени кога ја видоа со актерската екипа која ќе се појави во продолжението на овој популарен серијал. Инаку, Наташа беше големата љубов на Миша (Никола Којо) во култниот серијал.


Иако Гала постигна голем успех во поранешна Југославија, таа се пресели во Америка, а по „Жикина династија“ не се појавувала во српските филмови и серии.

Меѓутоа, на официјалната страница на Инстаграм на „Враќање на Жикина династија“ (Povratak Žikine dinastije) се појави видео во кое актерите зборуваат за омилените ликови од серијата, а меѓу нив е и Гала Виденовиќ.


Кога обожавателите ја виделе Гала со остатокот од екипата, биле воодушевени. Гала се сметаше за една од најубавите актерки во поранешна Југославија, а пофалните коментари се нижат покрај објавата.


Интересно, и Гала и Владимир рекле дека Гидра им е омилен лик.


Гала Виденовиќ, сега Алексиќ, и денес е неверојатно убава, витка русокоса која плени со својот изглед, исто како што беше во 1984 година кога се појави во едно од продолженијата на култниот филм: „Што се случува кога се раѓа љубовта“.