Ќе стане ли Џејмс Нортон новиот Џејмс Бонд? Шпекулациите се сè погласни откако семејството Броколи, кое ја води познатата филмска франшиза повеќе од 60 години, го предаде управувањето на компанијата Амазон МГМ Студиос. Оваа голема промена предизвика дискусии меѓу обожавателите за тоа кој би можел да го наследи Даниел Крег во улогата на тајниот агент 007.
Меѓу водечките кандидати, покрај Нортон, се спомнуваат и Арон Тејлор-Џонсон и Идрис Елба. На овогодишното доделување на наградите БАФТА, Нортон се обиде да ги запре гласините во разговорот со водителот Алекс Зејн. „Јас сум фаворит? Секој кој се обложува на тоа нека побара нова работа“, се пошегувал Нортон и додал дека целата ситуација ја смета за прилично необична.
Меѓутоа и покрај неговото демантирање, обожавателите сè уште веруваат дека тој би можел да биде новиот Бонд. Нортон неодамна се појави во серијата „Playing Nice“, која ја следи драматичната приказна за двајца парови кои откриваат дека нивните деца биле сменети при раѓањето. Интересно е тоа што во третата епизода од серијата, на гала-вечерата Нортон се појавува како единствениот маж без смокинг, што некои го толкуваат како можен знак дека тој веќе потпишал договор за улогата на Бонд.
Иако Џејмс тврди дека немало официјални разговори, тој и Арон Тејлор-Џонсон остануваат водечки кандидати за преземање на култната улога на тајниот агент.
Кои критериуми треба да ги исполнуваат актерите кои сакаат да го толкуваат Џејмс Бонд?
Барањата за улогата на Бонд се исклучително специфични. Долгогодишната продуцентка Барбара Броколи честопати истакна дека бараат актер кој може да внесе свежина во улогата, но истовремено да ја задржи суштината на ликот. Кандидатот мора да биде висок, физички подготвен и на возраст помеѓу 30 и 40 години кога ја презема улогата.
Сепак, физичките атрибути не се единственото нешто што е важно. Идниот Бонд мора да покаже и завидни актерски способности, од беспрекорен британски акцент до вештината на балансирање меѓу сериозноста и суптилниот хумор. Интересно е тоа што продуцентите традиционално избегнуваат да ангажираат веќе етаблирани ѕвезди, давајќи им предност на помалку познатите, но талентирани актери кои можат целосно да „станат“ Бонд.
Низ богатата историја на франшизата, само шест актери официјално ја толкуваа улогата на Џејмс Бонд. Шон Конери ја постави основата на ликот со својата харизматична изведба во седум филмови. По краткиот мандат на Џорџ Лазенби, Роџер Мур снимил седум филмови за тајниот агент 007 од 1973 до 1985 година.
Тимоти Далтон донесе посериозен пристап во два филмови кон крајот на 1980-тите, додека Пирс Броснан го модернизираше ликот преку четири филмови во текот на 1990-тите. Даниел Крег, кој неодамна го заврши својот петнаесетгодишен мандат со филмот „No Time to Die“ му даде на Бонд нова, емотивно посложена димензија.