[ФОТО] Уапсена ѕвездата од познатата серија „Грдата Бети“: Насилничкото однесување и нападот врз полицијата го одвеле во затвор

Точка

21/02/2025

16:15

883

Големина на фонт

а а а

Ерик Мабиус, актерот од некогаш популарната серија „Грдата Бети“ (Ugly Betty), беше уапсен во четвртокот наутро на Флорида поради напад.

Ерик (53) бил приведен нешто пред 6 часот наутро и се соочува со две прекршочни обвиненија – напад и давање отпор на полицаец без употреба на насилство, според ТМЗ.

Шокантната фотографија од притворот го прикажува актерот со збунет израз на лицето, со видлива исекотина до десното око.

Мабиус е најпознат по улогата на модниот уредник Даниел Мид во серијата „Грдата Бети“. Серијата се емитуваше од 2006 до 2010 година, пишува „Дејли мејл“.


Раните филмови на Мабиус од 1990-тите ги вклучуваат „Chicago Hope“, „Party of Five“ и „Get Real“. Мабиус глумеше во серијата „Потпишан, запечатен, испорачан“ (Signed, Sealed, Delivered) на „Халмарк канал“ од 2013 година.