Ведрана Рудан е позната по својот остар јазик и отвореност кога се во прашање семејните односи. Со текот на годините, таа честопати јавно зборуваше за тешките моменти од нејзиното детство, а едно од нејзините најшокантни признанија се случило во една емисија пред неколку години.
Во таа прилика размислувала за болните настани од минатото и признала дека два пати се обидела да му го одземе животот на нејзиниот татко.
„Се обидов да го убијам татко ми кога имав 15 години, но не успеав. Се обидов кога имав 20 години, но тој едвај преживеа. Кога имав 21 година, дипломирав и работев. Бев нормална жена. Тогаш се носеа мини здолништа, а потоа преку ноќ станаа модерни макси здолништата. Како и секоја млада девојка, ја следев модата. Го фрлив мини здолништето и облеков макси“, ја започна својата приказна Ведрана.
Како што објасни таа, конфликтите со нејзиниот татко не биле невообичаени, а еден посебен инцидент засекогаш бил врежан во нејзината меморија.
„Тогаш, тој дојде во кујната, простачки ме погледна и ми рече: Вчера беше проститутка, а денес си чесна сестра, одлучи се“. Јас на тоа му одговорив: „Не се*и“, тоа беше прв пат да викнам на татко ми. Тој, дивјак, мене ми го коментираше здолништето кое сама си го купив. Ми пријде, ме зграпчи за облеката и ме фрли во стаклената витрина. Цела бев со стакло и облеана во крв. Мајка ми се тресеше. Во тој момент зедов тенџере полно со гулаш и му го фрлив во главата. Тој некако се оттргна, беше цел во крв, мајка ми само што не почина. Сакав да го убијам. Го однесе на доктор, му ги сошија раните, и потоа се врати во својата кафеана, и ѝ рекол на келнерката дека сум сакала да го убијам. А таа му одговорила: „Што чекала до сега?“. Тогаш си заминав од дома со намера никогаш повеќе да не се вратам“, искрено раскажала Рудан.
Не беше вознемирена кога тој умре
Ведрана Рудан не криеше дека не е вознемирена од неговата смрт, но и до ден денес го памети неговиот презир.
„Моето детство беше тешко, но ми даде сила да ги презирам луѓето додека не се случи спротивното. Тоа е она што ме прави силна, тоа ми го всади татко ми, кој ги презираше луѓето, вклучително и мене. Ме тепаше мене, мајка ми и сестра ми. Баба не ја тепаше, затоа што беше силна личност. Ги презирам луѓето додека не најдам некој што ми се допаѓа, а потоа ги малтретирам до смрт и им наоѓам мани. Не верувам никому, никој не може да ме заведе ниту освои. На пола прсти од едната рака можам да ги набројам луѓето кои ги сакам. Сите други ги тестирам секој ден. Тешко ми е да живеам така, би сакала да сум поопуштена, но не сум“, изјави Ведрана за емисијата „ТВ лица, како и сиот нормален свет“.