[ФОТО] Опра Винфри фотографирана откако ослабела речиси 50 килограми: Практикува здрав начин на живот

Точка

21/02/2025

18:01

1.931

Големина на фонт

а а а

Американската водителка Опра Винфри била фотографирана пред теретана во Санта Барбара откако значително ослабела. Имено таа донела одлука да го усоврши својот изглед, а на социјалните мрежи се здоби многу пофалби.

„Мило ми е што конечно радикално го менува начинот на живот“, „Изгледа прекрасно“, „Упорноста се исплаќа“, беа дел од коментарите.

Инаку Опра во 2021 година го оперираше коленото, а по закрепнувањето се посвети на слабеењето.


„Почнав да планинарам и секоја недела си поставував нови цели на далечина. На крајот успеав да пешачам до осум километри секој ден. Се чувствувам посилно и поподвижно“, изјави Винфри.

Таа исто така откри дека последниот оброк го јаде во четири попладне и пие околу четири литри вода дневно. Досега успеала да изгуби речиси 50 килограми, а проговори и за негативните коментари кои ги добивала во минатото.

„Таблоидите ме експлоатираа секоја недела. Комичарите се шегуваа на моја сметка, а јас го прифаќав тоа бидејќи мислев дека го заслужувам“, рече водителката.