[ВИДЕО] Илон Маск оди чекор понатаму: Ја најави „најпаметната вештачка интелигенција на светот“ – моделот „Грок 3“

Точка

19/02/2025

19:12

1.324

Големина на фонт

а а а

Покрај моделот Грок 3, компанијата на Илон Маск, Икс АИ работи и на други проекти, вклучително и на развој на игри со интегрирана вештачка интелигенција.

Илон Маск и неговиот тим од компанијата Икс АИ го претставија Грок 3, нов модел со вештачка интелигенција, за кој велат дека е најпаметен во светот.

Овој модел има значителен скок во способностите во однос на неговиот претходник, Грок 2, со дури 10 до 15 пати поголема моќност. Исто така, Икс АИ тврди дека Грок 3 ги надминува конкурентите како што се Дипсик и Гугл џеминај.

Од првиот модел на Грок, до Грок 3 поминаа само 17 месеци.

Развојот на моделот Грок 3 траеше неколку месеци. На промоцијата тимот на Маск нагласи дека покрај тоа што е силен, ќе биде и „многу, многу смешен“.

Грок 3 е успешно тестиран на различни академски предизвици, вклучувајќи сложени математички и логички задачи. Моделот постигна одлични резултати на тестовите за вештачка интелигенција, како што се MMLU (Massive multitask language understanding) и „HumanEval“, што укажува на неговата способност да обработува сложени податоци и кодови.

За време на презентацијата, тимот покажа дека Грок 3 може да ја пресмета траекторијата на вселенската мисија до Марс и назад, земајќи ги предвид гравитациските сили и потрошувачката на гориво. Моделот покажа дека може да креира игра која комбинира елементи на тетрис и биџулд, со користење напредни генераторски способности за вештачка интелигенција. Грок 3 демонстрираше и анализа на економските и пазарните трендови и направи предвидувања врз основа на историски податоци. Програмата, исто така, извршува сложени програмски задачи и пишува ефикасен код на неколку различни програмски јазици.


Во моделот е воведена и нова функција, наречена „Голем мозок“, која му овозможува на Грок 3 да размислува подлабоко и логично кога обработува барања. Овој режим користи дополнителни ресурси за да може моделот со вештачка интелигенција подобро да ги поврзува информациите и да донесува посложени заклучоци.

Покрај Грок 3, Икс АИ работи и на други проекти, вклучително и на студио за игри со интегрирана вештачка интелигенција. Компанијата развива и „deep search“, сопствена верзија на агенти за вештачка интелигенција што треба да му овозможи на Грок да работи автономно и да извршува задачи во име на корисниците.

Маск нагласи дека Грок напредувал за кратко време. Тој госпореди неговиот развој од некој што едвај решава задачи во средно училиште до некој што е подготвен за колеџ.

Грок 3 е достапен за претплатниците на Иск премиум, а се нуди и претплата на СуперГрок, која нуди уште подобар пристап до моделот и дополнителни функции.


Икс АИ предупредува дека Грок 3 уште се смета за бета верзија и дека корисниците треба да бидат свесни за можните грешки.

Грок 2 ќе стане отворен код штом Грок 3 ќе биде доволно зрел и стабилен.