[ФОТО] „GoPro“ ја претстави новата „Max 360“ камера

Точка

20/02/2025

21:56

827

Големина на фонт

а а а

На крајот на 2019 година, „GoPro“ го претстави „Max“, својот втор обид за сферична камера и оттогаш се чинеше дека го напушти овој пазар бидејќи немаше наследник. Сепак, сега тивко пристигна новиот модел „GoPro Max 360“.

Дизајнот не е нов, камерата сè уште е ограничена на 5,6K резолуција, но опциите за монтирање и батериите се подобрени. Исто така, цената е пониска од првиот „Max“, а со оглед на фактот дека сме во 2025 година, камерата има и одредени „AI“ функции.

Освежениот модел е компатибилен со сите стандардни држачи за статив од ¼-20, а точката за монтирање се наоѓа под преклопливите фингери, кои се стандардни кај „GoPro“ уредите. Камерата сега користи „Enduro“ батерии со капацитет од 1.500 mA⋅h, кои можат да се користат во екстремно ладни услови до температури до -10°C.

„Quick App“ доби бројни подобрувања за полесно уредување 360 снимки. Има и нов систем за следење на објекти базиран на технологија за вештачка интелигенција. Корисникот може да ја „помести“ камерата и да ги приспособи поставките за дигиталните леќи, а може да користи и автоматски транзиции. Достапни се и нови опции за „CameraFx“ и филтер.

Ако корисникот уредува видео на работната површина, може да го користи новиот додаток „Reframe“ во „Adobe Premiere Pro“ и „After Effects“.

Претплатниците на „GoPro Premium“ и „Premium+“ имаат неограничено cloud складирање и можат да уредуваат 360 снимки складирани во „cloud“.

Резолуцијата е задржана на 5,6K, а камерата чини 400 долари. Ривалот „Insta360“ лани го лансираше „Insta360 X4“, кој стана првата 8K камера, но е и поскапа со цена до 560 евра.