"Apple" конечно ја претстави новата генерација на најевтиниот "iPhone", кој е значително поскап

Точка

20/02/2025

10:48

1.308

Големина на фонт

а а а

Новиот најевтин модел повеќе не е дел од "SE" серијата и доаѓа со бројни подобрувања во однос на неговиот претходник.

Како што претходно најави Тим Кук, "Apple" синоќа го претстави „новиот член на семејството“ на оваа компанија. Станува збор за нов модел од серијата поевтини "Apple" телефони, кој носи три големи промени во однос на претходниот модел "SE 3". Првата и најочигледна промена е името. "SE" оди во историјата, а овој уред ќе се продава под името "iPhone 16e", што јасно покажува дека станува збор за поевтина верзија на "iPhone 16".

Втората промена се однесува на дизајнот, со што застарениот изглед и "Touch ID" заминуваат во минатото – карактеристики кои беа присутни кај телефоните од претходната деценија. Третата голема промена е цената, бидејќи новиот најевтин "iPhone" всушност не е евтин.

Нов дизајн, подобри перформанси и повисока цена

Кога станува збор за спецификациите, "iPhone 16e" носи повеќе или помалку она што се шпекулираше изминатите недели, па така, повеќето гласини кои кружеле низ мрежата се покажаа како точни.

Овој смартфон располага со 6,1-инчен екран со резолуција од 2532×1170 пиксели, а го напојува "A18" чипсет. Основниот модел доаѓа со 128 GB простор за складирање, но достапни се и верзии со 256 GB и 512 GB. На задната страна се наоѓа една камера со резолуција од 48MP со оптичка стабилизација, додека на предната страна има 12MP камера за селфи фотографии.

Со оглед на тоа дека "Touch ID" конечно заминува во историјата, заменет е со "Face ID", односно можност за отклучување на телефонот преку препознавање на лице. Ова е прв пат ваков тип на биометрија да биде достапен во оваа категорија на "iPhone".


Во продажба за осум дена

Меѓу другите карактеристики, вреди да се спомене "IP68" заштитата од прашина и вода, како и "Action Button" – копче што корисниците можат да го прилагодат според своите потреби, на пример, за активирање на камерата или батериската лампа. Како и кај сите нови "Apple" телефони, "iPhone 16e" има "USB-C" приклучок и поддржува безжично полнење.

Според "Apple", батеријата на овој модел може да издржи 26 часа репродукција на видео или 21 час стриминг. Она што го прави овој уред посебен, но што корисниците во реалноста нема да го забележат премногу, е фактот што станува збор за првиот телефон со "Apple "модел.

"iPhone 16e" работи на "iOS 18", а бидејќи е опремен со најновата генерација на "Apple" чипсети, поддржува и "Apple Intelligence".

Сè што нуди "iPhone 16e" звучи одлично за еден поевтин модел, но проблемот е што оваа генерација е поскапа од претходната – и тоа значително.

Претходниот "SE" модел, кога беше претставен, чинеше 429 долари, а гласините сугерираа дека оваа генерација, односно "iPhone 16e", ќе чини 499 долари. Сепак, "Apple" изненади со уште повисока цена – основниот модел ќе чини 599 долари, а ќе биде достапен за купување од 28 февруари, додека преднарачките почнуваат веќе утре.