Шефот на „Ford“ возел кинески електричен автомобил и признал: Заостануваме зад Кина, но подготвуваме револуција!

Точка

04/08/2025

13:17

1.323

Големина на фонт

а а а

„Ford“ најавува радикална стратегија за електрични возила откако призна дека заостанува зад кинеските производители.

„Ford“ се подготвува на 11 август да ја открие новата стратегија за електрични возила, а директорот Џим Фарли ја нарече „момент на Model T“ – алудирајќи на револуцијата во масовното и достапно производство на автомобили што оваа американска компанија го започна на почетокот на 20. век.

Фокусот, според Фарли, е на профитабилноста, но и на темелна промена во начинот на кој се развиваат и произведуваат електричните возила.


Фарли јавно го пофали кинескиот „Xiaomi SU7“, кој го возел секојдневно, и призна дека „Ford“ заостанува зад кинеските гиганти како „BYD“ и „Geely“.

Според неговите зборови, конкуренцијата повеќе не се „VW“ и „GM“, туку кинеските производители, кои го диктираат темпото во иновациите и намалувањето на трошоците.


Затоа „Ford“ планира радикално да го редизајнира својот синџир на снабдување и производните процеси, како и да се потпира на партнерства, бидејќи станува сè потешко да се направи разлика меѓу електричните модели.

Фарли истакна и дека царините годишно го чинат „Ford“ околу 2 милијарди долари, но гледа можност американскиот статус на компанијата да донесе олеснувања и стратешки предности на домашен терен.


Во суштина, „Ford“ признава дека времето на старите методи истекува и дека целосен пресврт е единствениот начин да се одржи чекор со сè посилната конкуренција од Истокот.