„Tesla“ отвори ресторан од соништата: Келнери на ролери ги пречекуваат гостите, а робот служи пуканки

Точка

04/08/2025

17:32

710

Големина на фонт

а а а

Ретро атмосфера, полнење на електрични возила и нарачка на храна од автомобил .

„Tesla Diner“ во Лос Анџелес, отворен на 21 јули, нуди ретро храна, нарачка преку екрани во автомобилите на „Tesla“ и брзо полнење за сите посетители.

Првиот ресторан на „Tesla“ се наоѓа на булеварот Санта Моника во Лос Анџелес, а покрај атмосферата од педесеттите години на минатиот век, го краси и ретро-футуристички дизајн.


Уште во 2018 година, Илон Маск вети дека ќе отвори старомоден „drive-in“ ресторан, а седум години подоцна тоа стана реалност.

„Tesla“ тврди дека овој објект претставува сè во едно: станица за брзо полнење „Supercharger“, класичен американски ресторан и „drive-in“ кино.


Има дури 80 „V4 Supercharger“ места, отворени за сите електрични возила што го поддржуваат стандардот „NACS“.

„Tesla Diner“ е отворен 24 часа дневно: келнери на ролери ги пречекуваат гостите, додека „Optimus“ – хуманоиден робот развиен од самата компанија „Tesla“ – служи пуканки.


Можно е да се руча или вечера во ресторанот, но сопствениците на автомобили на „Tesla“ можат да нарачаат храна директно преку екранот за инфозабава на нивното возило.

Храната се служи во картонски кутии во облик на „Cybertruck“. Моментално најпопуларен е „Tesla“ бургерот.