Правосмукалки „Bespoke Jet“ – напредна технологија за чист дом

Точка

10/02/2025

16:33

2.108

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите предизвици во домашното опкружување е темелното чистење, кое навидум е мачна активност, но и не мора така да биде. Правосмукалката како клучен уред, кој треба да ви помогне да се ослободите од прашината и нечистотијата дури и во најтешко достапните ќошиња во вашиот дом, може да направи значителна разлика во тоа целокупниот процес на чистење да биде полесен и побрз.

Токму со ова на ум, Samsung ги создаде своите Bespoke Jet безжични правосмукалки кои поседуваат најнапредни технологии за одржување на посакуваното ниво на чистота во вашиот дом.

Bespoke Jet™ AI: најновата иновација во хигиената на домот

Bespoke Jet AI е правосмукалка која користи најновата технологија и вештачка интелигенција за да обезбеди висока ефикасност при чистењето. Овој уред го има најмоќниот вакум мотор на Samsung до сега, со моќност на вшмукување до 280 W и максимална моќност на моторот од 730 W. Вградената батерија од 4500 mAh има капацитет за до 100 минути непрекината работа, што го прави идеален за темелно чистење на целокупниот дом. Благодарение на режимот на работа со вештачка интелигенција, правосмукалката автоматски го анализира типот на подот и го оптимизира процесот на вшмукување, што овозможува подолготрајно и побрзо чистење.


Со надградените додатоци, како што се главната четка Active Dual, LED четката за тесни простори, како и специјален додаток за миленици, овој уред ќе ги задоволи потребите на секој дом. Понудениот држач за чиста станица „Сè-во-едно“ користи технологија за автоматско празнење на резервоарот за прав и отстранување на сите преостанати честички, што го прави чистењето поефикасно и посанитарно.

Конективност и самодијагностика за полесно одржување

Безжичната правосмукалка Bespoke Jet AI овозможува конекција преку SmartThings и Smart Wi-Fi да може да се контролира од далечина и да се прилагодуваат сите поставки преку мобилна апликација. Вклучува и опција за паметна самодијагностика, која овозможува одржување на уредот во оптимален статус, а со тоа и продолжување на неговата долговечност. Ова е особено корисно за корисниците кои сакаат да имаат контрола врз својата правосмукалка, без да се грижат премногу за нејзиното одржување.


Bespoke Jet™ Complete: високи перформанси за чистота без компромиси

Друг член на семејството Bespoke правосмукалки е Bespoke Jet™ Complete, совршена за лесно и ефикасно чистење на домот. Со моќност на вшмукување од 210W и иновации кои обезбедуваат хигиенско чистење без оставање прашина во воздухот, оваа правосмукалка е идеална за различни типови на подови. Мултифункционалната станица за чистење автоматски го празни просторот за прашина, задржувајќи 99,999% од честичките. Опремена со напреден мотор и батерија која трае подолго, Bespoke Jet™ Complete е погодна за домови со миленици благодарение на специјално дизајнираната четка за влакна. Со прилагодливиот стик-држач, лесно се достапни сите површини, вклучувајќи ги и тешко дофатливите агли. Разните додатоци, како што се четки и алатки за темелно чистење ја прават оваа безжична правосмукалка лесна за манипулирање. LCD екранот на уредот наменет за следење на вшмукувањето, батеријата и предупредувања за одржување, е уште една погодност која ја имате со оваа правосмукалка. Сега чистењето е полесно и побрзо отколку некогаш.


Промотивна понуда за да се уверите во вашиот избор!

Сега е идеално време да си го дозволите најдоброто за вашиот дом, и тоа за селектирани модели на Bespoke Jet правосмукалки имате можност да ги вратите по 100 денови од купувањето. Благодарение на промоцијата Try&Buy на Samsung која ќе трае до 27.04.2025, ќе можете во потполност да се уверите зошто овие одбрани модели на правосмукалки се вистинскиот избор за вас. Повеќе детали можете да прочитате тука.