Наследничка на L'Oréal и најбогатата жена на светот го напушта тронот – Како семејството продолжува да ја води империјата

Точка

10/02/2025

11:15

1.409

Големина на фонт

а а а

Франсоа Бетенкур Мејерс (71) е наследничка на францускиот козметички гигант L'Oréal и официјално најбогатата жена во светот, според индексот на милијардери на Блумберг.

Со проценето богатство од неверојатни 89 милијарди долари, таа е 20-та најбогата личност на планетата и една од највлијателните жени во бизнисот.

Нејзиното богатство, создадено преку генерации на претприемачки дух и наследство, е резултат на посветеноста на нејзиниот дедо, кој ја основал козметичката компанија L'Oréal во 1909 година. Веќе десетлеќи семејството Бетенкур Мејерс ја одржува лидерската позиција на компанијата, која денес е една од најпознатите и најпрофитабилните марки на глобалниот пазар на убавина.

Франсоа Бетенкур Мејерс најави повлекување од својата функција во управниот одбор на L'Oréal, откако повеќе од 30 години активно учествуваше во управувањето со компанијата. По оваа одлука, нејзиниот син Жан-Виктор Мејерс ќе ја преземе функцијата заменик-претседател на компанијата. На негово место во одборот ќе дојде Александре Бене, заменик извршен директор на Тетис Инвест, семејната холдинг компанија која ја предводи Бетенкур Мејерс и најголемиот акционер на L'Oréal.

Овие промени ќе стапат на сила по гласањето на акционерите во април, а овој период ќе означи нова ера за компанијата, со повеќе фокус на наследниците на француската козметичка империја.


Филантропија и културно наследство

Франсоа Бетенкур Мејерс е не само успешен бизнисмен, туку и активен филантроп и писател. Таа ја претседава Семјната фондација Бетенкур Шулер, која има за цел да поддржи науката, уметноста и француското културно наследство. Нејзината љубов кон културата е исто така изразена во нејзините две книги: „Погледи на Библијата“, петтомна студија, и генеалошко истражување на грчките богови.

Бетенкур Мејерс е активно вклучена и во важни национални проекти, како што е обнова на катедралата Нотр Дам, за што L'Oréal и семејството Бетенкур Мејерс донираа 226 милиони долари, помагајќи во спасувањето на еден од најголемите симболи на Франција по трагичниот пожар во 2019 година.


Генерациски пренос на империјата

По смртта на нејзината мајка Лилијан Бетенкур во 2017 година, Франсоа Бетенкур Мејерс ја наследи титулата најбогата жена на светот и официјално ја презеде контролата над компанијата. Наследството на Лилијан, која беше најбогата жена на планетата до својата смрт, беше предмет на сензационално судење во Франција, кога осум лица беа прогласени за виновни за искористување на нејзината мајка додека таа страдала од деменција и Алцхајмерова болест. Потоа, судот го поништил наследството кое било доделено на фотографот Франсоа-Мари Бание, кој бил обвинет за манипулации со Лилијан.

Семејството Бетенкур Мејерс поседува околу 35 отсто од акциите на L'Oréal, што го прави најголемиот акционер. Иако Бетенкур Мејерс беше единственото дете на своите родители, нејзиното наследство не е само финансиско, туку и културно и филантропско. Нејзините два сина, Жан-Виктор и Николас, веќе се активно вклучени во управувањето со компанијата, што покажува дека L'Oréal ќе продолжи да биде семејна империја и во иднината.


Како Франсоа Бетенкур Мејерс стана толку богата?

Секој успех на Франсоа Бетенкур Мејерс е резултат на стратегијата која ги вклучува долгорочните инвестиции и стабилното водство. Како најголемиот акционер и претседател на фондацијата Бетенкур Шулер, таа продолжува да се залага за напредокот на француското општество. Семјството Бетенкур има стабилна основа на која може да го гради своето влијание во иднината.

Богатството на Бетенкур Мејерс се проценува на над 100 милијарди долари, а компанијата L'Oréal ја држи врвната позиција на пазарот на убавина и козметика. Наследството кое го остави нејзиниот дедо, кој започна со мала компанија за производи за коса, сега е светска империја.