„Taste Atlas“ ги одбра десетте најдобрите пилешки супи во светот: На четвртото место специјалитет од соседството

Точка

10/02/2025

18:39

1.153

Големина на фонт

а а а

Познатиот гастрономски портал „Taste Atlas“ направи листа на најдобри пилешки супи во светот, а на истата се најде и една супа од српската кујна.

Овој популарен портал за гастрономија, содржи бројни ранг листи на јадења од целиот свет.

Кога станува збор за пилешките супи кои потекнуваат од различни кујни ширум светот, еве како ги рангираа најдобрите.


На прво место е супата том ка гаи, тајландски специјалитет, додека циорба радаутеана од Романија е втора, а сото ламонган од Индонезија се наоѓа на третото место. Четвртото место му припадна на специјалитетот од нашето соседство, односно српската бела чорба. Оваа супа е особено популарна во зимскиот период, а се подготвува од бело месо, јајца, компири, кромид, брашно, моркови, магдонос и зачини, а понекогаш се служи и со кисела павлака додадена во чинијата.