[ФОТО] Балкански цени – медитеранска убавина: Прекрасниот град кој освојува на прв, но и на втор поглед

Точка

29/01/2025

13:01

2.691

Големина на фонт

а а а

Доколку барате европска дестинација за одмор каде нема да банкротирате, Созопол – градот кој се наоѓа на 35 километри јужно од Бургас на јужниот бугарски брег на Црното Море – може да послужи како инспирација. Едно од најголемите крајбрежни одморалишта во земјата, познато е по уметничкиот и филмски фестивал Аполонија, а исто така овој прекрасниот град некогаш бил дел од грчката колонија наречена Антеја, подоцна позната како Аполонија, според грчкиот бог на сонцето – Аполон.

Што да се посети?

Сместен на карпест полуостров, Созопол нуди историски знаменитости, како што се градби кои датираат од средниот век, но и прекрасни песочни плажи каде што може да се слушнат јазици од целиот свет. Повеќето посетители доаѓаат во периодот од мај до септември, а остатокот од годината е прилично тивок.



За многумина, Созопол е најубав во пролет и есен, кога може да се ужива во историјата и културата без метеж како и во локалната кујна која ги комбинира балканските и медитеранските вкусови. Цените се поевтини во споредба со западно европските земји, па ручекот за две лица (предјадење, главно јадење, десерт) чини околу 35 евра, додека половина литар точено пиво е околу 1,75 евра.




Доколку љубопитноста ве однесе во Созопол, можеби ќе ве освои шармот на стариот дел од градот, кој изгледа како жив – и возбудлив – музеј. Тесните камени улички со зачувани, но антички куќи, шармантни хотели, како и изобилство од ресторани и продавници создаваат посебна атмосфера. Посетителите особено го фалат шеталиштето покрај делумно обновените градски ѕидини, кои „наградуваат“ со прекрасни погледи, како и локалниот археолошки музеј.


Уникатен замок

Во околината на градот се наоѓа и фасцинантниот замок Равадиново, кој ја доби наградата за најдобра туристичка атракција во светот. Овој замок е сместен „среде никаде“ – во поле покрај патот окружено со езеро и прекрасна природа.



Замокот го изградил Георги Тумпалов, архитект за кого ваквиот потфат бил животен сон. Тој започна во 1996 година со цртање огромен крст на празно поле, кој послужи како конечен план за градба на замокот. Тумпалов и неговото семејство работеа дење и ноќе, со помош на работници од селото Равадиново, на преобразување на 20.000 тони камен од утробата на планината Странџа во прекрасна градба. Дваесет години подоцна, од блескавите камења беа направени ѕидови и кули, капела, визба, па дури и дното на езерото во близина на замокот. Додека денес, замокот е најпосетуваната атракција во целата земја.