Рендгенска снимка од пациент ги шокирала и лекарите: Кога откриле што се белите точки со големина на ориз, сите биле згрозени

Точка

27/01/2025

15:58

10.668

Големина на фонт

а а а

Извесен доктор од итната медицинска помош неодамна споделил „една од најлудите рендгенски снимки кои некогаш ги видел“, на кој е прикажано лице чиј долен дел од телото е покриен со стотици калцифицирани јајца од тенија.

Тенијата се паразити кои обично се прикачуваат на внатрешноста на цревата на нивниот домаќин, апсорбирајќи хранливи материи директно од цревата, но малку луѓе знаат дека јајцата од тенија можат да патуваат насекаде во телото на домаќинот, од нозете па сè до мозокот. Со текот на времето, овие јајца се калцифицираат и стануваат неактивни, па не претставуваат голем ризик кога се сместени во меките ткива како што се мускулите или мастите, но може да предизвикаат опасна по живот состојба позната како невроцистицеркоза кога ќе се калцифицираат во мозокот.


Сем Гали, лекар за итни случаи, специјализиран за кардиоваскуларни итни случаи и итна радиологија, неодамна споделил необична рендгенска снимка на карличната област на пациентот во која неговото тело било исполнето со стотици бели точки. Сите овие точки биле калцифицирани јајца од тенија кои се заглавиле во меките ткива на долниот дел од телото. Интересно е што пациентот никогаш не знаел дека има цистицеркоза и дознал за тоа дури кога дошол на рендгенски преглед откако паднал и почувствувал болка во колкот. „Ова е состојба позната како цистицеркоза, всушност ова се ларви на цисти од таениа солум, позната и како свинска тенија“, рекол Гали на социјалната мрежа „X“. „Овие цисти можат да патуваат насекаде низ телото, главно во мускулите и меките ткивата на колковите и нозете“.

Освен доколку не стигнат до мозокот, овие калцифицирани јајца се всушност безопасни, повеќе не се одржливи, но ако самата помисла на тоа дека „сте окупирани“ од стотици од овие цисти слични на зрно ориз ви е незамислива, треба да избегнувате сирово или недоволно варено свинско месо или риба, со цел да бидете сигурни.

Интересно е тоа што пред неколку години, на интернетот осамна слична шокантна рендгенска снимка, споделена од страна на доктор од Сао Паоло во Бразил, која подоцна стана вирална на социјалните мрежи.