Манекенката Адријана Лима на Инстаграм откри дека станала жртва на измама, предупредувајќи ги сите да не наседнуваат на тоа.
Според нејзината објава, некој се претставува како неа на Тик Ток и бара од луѓето пари.
„Ова лице нуди подароци, а потоа бара пари, информации за кредитна картичка и домашна адреса. Бидете внимателни и не споделувајте никакви лични или финансиски информации. Адријана Лима лично не контактира со обожавателите за да понуди подароци и да бара исплати“, се вели во нејзината објава.
На крајот, таа додаде дека секој што ќе наиде на гореспоменатиот профил веднаш да ја пријави измамата.