Нашето тело произведува колаген, но штом навршиме 20 години, производството се забавува, а по 40-тите години од животот имаме 50 отсто помалку колаген од количината што сме ја имале кога сме имале 20 години.
Ова е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто нѐ болат зглобовите, а косата ни станува потенка. Постојат и голем број други фактори кои го забрзуваат процесот на намалување на создавањето на колагенот како што се: исхрана богата со шеќер, стрес и изложувањето на сонце. Затоа треба да го внесуваме преку квалитетни додатоци во исхраната.
Колагенот е основата за здрави коски, зглобови и видливо помазна и затегната кожа! Во продавниците на Натура Терапи можете да најдете високо квалитетен колаген од реномиран француски производител со максимална флексибилност и ефикасност. Можете да го додадете во појадокот со овесна каша, во омилениот утрински кафе напиток, или пак во супа или било кое јадење по слободен избор, и за само неколку недели да почувствувате целосна трансформација на вашето тело!
Кои се здравствените придобивки од колагенот:
Помага во третирање на остеоартритис и остеопороза
Многу истражувања укажуваат за позитивното влијание на колагенот во третирање на болестите на коските и зглобовите како артритис. Ваквата состојба на зглобовите предизвикува трошење на 'рскавицата, што доведува до болка. Бидејќи 'рскавицата е составена од колаген, редовното конзумирање на колаген може да помогне во нејзино обновување. Колагенот е важен и за основната структура на коската, да ја направи како мрежа каде ќе можат да се вградат минералите, калциумот, фосфорот и др.
Важен е за крвните садови
Колагенот влегува во состав на надворешната обвивка на крвните садови која без него станува крута, што доведува до покачување на притисокот, попуштање на вените и сл. Затоа обновата на колагенот е важна за превенција и подобра регулација на функцијата на крвните садови.
Го чува здравјето на цревата?
Колагенот е важен и за правилното функционирање на дигестивниот систем. Покрај тоа, пептидите во колагенот ја задржуваат водата во цревата и на тој начин ги привлекуваат молекулите на киселината, поради што храната полесно се разградува и се движи низ дигестивниот систем. Редовната употреба ги намалува киселините, чировите и ги спречува другите дигестивни проблеми.
Ги гради мускулите
Помага за oпоравување по одредена физичка активност како и за закрепнување на мускулите. Со конзумирање на колаген пред или по физичка активност можете да му помогнете на вашето тело да закрепне подобро и побрзо.
Помага во губењето на килограмите?
Суплементите кои содржат колаген можат да играат важна улога во одржувањето на телесната тежина, па дури и во губењето на килограмите. Колагенот во прав ќе го намали апетитот за дури 40 отсто повеќе од протеинскиот прав. Исто така, ќе ја угаси желбата за слатка храна. Посебно тоа важи за COLLAGEN PEPTIDES со вкус на чоколадо, збогатен со Peptan® колаген и витамин Ц, кој е лесен за подготовка, идеален за секојдневна рутина и вистинско сетилно задоволство.
Го подобрува сонот
Направени се многу студии на луѓе и животни кои покажуваат дека глицинот влијае на невротрансмитерите на начин што обезбедува поквалитетен сон, правејќи го колагенот природен причинител за подобар сон.
Го подобрува квалитетот на кожата
Кога се зема внатрешно, колагенот навистина може да го подобри целокупното здравје на вашата кожа, правејќи одличен природен производ за нега на кожата. Колагенот помага да се формира еластин и други соединенија во кожата кои се одговорни за одржување на составот, текстурата и изгледот на кожата. Колагенот активно влијае на намалување на видливите знаци на брчки, подуеноста и други знаци на стареење. Кај многу луѓе се јавува намалување на целулитот кога конзумираат храна и суплементи кои содржат колаген, бидејќи целулитот се формира поради недостаток на сврзно ткиво.
Комерцијален текст